Видео-снимка од сексот помеѓу Михаил Касјанов и Наталија Пелевина, која е позната активистка што со години жестоко го критикува Владимир Путин, предизвика скандал во руските политички кругови.Еден од најлутите ривали на рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на опозициската партија ПарНаС, Михаил Касјанов (58) е главниот актер во секс-скандалот кој ја потресе Русија, а уште повеќе – го доведе до прашање неговиот политички кредибилитет кој досега го уживаше како опонент на Путин.
Во еден московски хотел, Касијанов е снимен „во акција“ со британската активистка Наталија Пелевина (39), а овие снимки ги прикажала „НТВ“, тв-станица блиска до Кремљ, пренесува „Дејли меил“.
Снимката која протекла во јавност најверојатно ќе го исфрлат од игра еден од малубројните луѓе кои изгледале дека се сериозна алтернатива за Владимир Путин.
Црно-белата снимка која ја шокираше Русите не прикажуваат експлицитна содржина, но на нив јасно се гледаат лицата на Михаил и Наталија.Еден од најлутите ривали на рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на опозициската партија ПарНаС, Михаил Касјанов (58) е главниот актер



