Секс скандал поврзан со градоначалникот на Сан Диего, ја потресе Америка. Градоначалникот на Сан Диего, Боб Филнер поднесе оставка д својата функција откако беше обвинет дека сексуално вознемирувал жени на работното место.
Градоначалникот Боб Филнер, кој во ноември е избран за градоначалник на градот во јужна Калифорнија, најавил оставка во петокот после повеќенеделните повици да си замине од таа функција.
„Им се извинувам на сите“, рекол Филнер (70) најавувајќи оставка после состанокот на членовите на градското собрание одржан зад затворени врати.
„Никогаш никого не сум сексуално вознемирувал. Но, се создаде хистерија која многумина од вас придонесоа. Тоа е хистерија на толпа спремна за линч“, рекол Филнер.
Тој истакнал дека со жените кои го обвиниле за сексуално вознемирување само се обидел да воспостави личен однос.
Иако 18 жени јавно истапиле жалејќи се на однесувањето на градоначалникот, само една, бившата ПР менаџерка на Филнер, Ирен Мекормак, поднела кривична пријава против него.
Засега ниту едно обвинение за сексуално злоставување од страна на овој градоначалник не е докажано на суд. Градоначалникот на Сан Диего, Боб Филнер поднесе оставка д својата функција откако беше обвинет дека сексуално вознемирувал жени на работното место