СЕКСИ СОНОВНИК: Толкување на вашите 8 најчести еротски соништа

Дали признаваме или не, сексот е работа која често ни паѓа на памет, како на јаве така и во сон. Но, во соништата често имаме секс каков што не би можеле ни да замислиме во реалноста, но зад тоа се крие длабоко значење. Дознајте какво.Сите луѓе, барем од време на време, имаме така наречени „влажни соништа“, но тие не укажуваат на тоа дека потсвесно сакате секс со личноста од сонот. Во поголемиот број од нив вистината е сосема спротивна.
Еве кои се нивните најчесто скриени значења.
Неверни сте
Многу луѓе сонуваат дека му се неверни на својот партнер. Тоа не значи дека посакувате афера ниту пак дека сте сексуално незадоволни.
Кога изневерувате на сон тоа обично претставува некоја друга измама или неискреност кон партнерот. Исто така тоа може да значи дека имате потреба за експериментирање во сексот. Таа друга личност на сон обично е персонификација на сексуалните работи кои сакате да ги пробате, а поради некоја причина тоа не можете да го направите со вашиот партнер.
Кога сонувате обратно, односно дека вашиот партнер е тој кој изневерува, најверојатно се чувствувате несигурно. Веројатно не добивате доволно време и внимание од саканата личност. Овој сон може да укажува и на тоа дека чувствувате страв од напуштање.
Ја преминавте границата „пријателска зона“
Да имате еротски соништа за пријателите, било да се од ист пол или не, е прилично вообичаено.
Ова не е вашата потсвест која вели дека вашиот пријател физички ве привлекува, така што нема потреба утре да ви биде непријатно кога ќе го видите. Ваквиот сон најчесто претставува воодушевување или завист кон нешто што вашиот пријател го има. Тоа може да биде и некаква вештина или карактеристика која би сакале и сами да ја поседувате.
Чести се и соништата со партнерот на вашиот/та пријател/ка. Нормално дека тоа не треба да му го признаете на својот пријател и да се чувствувате лошо поради сонот кој не можете да го контролирате. Тоа значи дека веројатно гледате некој квалитет во таа личност кој би сакале да го имате вие или вашиот партнер.
Секс со колега од работа
Сон во кој имате секс на брзина после работно време со колега кој секогаш пие кафе во исто време како и вие, не значи дека е време со него да започнете афера.
Најчесто овој сон го претставува она што ви е потребно од таа личност, а тоа што ви треба сигурно не е секс. Оваа потреба всушност може да биде позитивна или негативна. Можеби тој колега е поценет и поорганизиран од вас, а и вие би сакале така да ве доживува остатокот од работното опкружување. А можеби пак и таа личност прави нешто што вам ве нервира и ви пречи додека работите.
Откријте што ве „голицка“ кај оваа личност и ќе се ослободите од ваквите соништа.
Секс со личност од ист пол
Опуштете се бидејќи ова не значи дека сте хомосексуалец. Многу стрејт луѓе имаат вакви соништа и  тие немаат никаква врска со сексуалната определба.
Овој тип на сон симболизира потреба за самопочит и себе љубење. Ако сте биле многу критични кон себе во последно време или се чувствувате несигурно, веројатно ќе се појават вакви соништа. Можно е и од нешто да се срамите и да се плашите да откриете некои свои слабости.
Морате да престанете да бидете толку строги кон себе, фокусирајте се на позитивните особини кои ги имате и повторно откријте ја љубовта која ја имате кон самиот/та себе.

 

Секс со познати личности
Која холивудска ѕвезда ги посетува вашите еротски соништа? Иако шансите се големи сексуално да ве привлекува тој преубав лик од малите екрани, сонот всушност не е за него/неа.
Главната ѕвезда сте вие. Кога на сон водите љубов со некоја славна личност, тоа симболизира некое тежнеење кое го поседувате во себе. Веројатно не добивате доволно внимание од драгите луѓе или генерално не сте задоволни од својот социјален живот.
Можно е и да тежнеете по пари, успех и слава, а не за секс со некоја славна ѕвезда. Таа позната личност претставува она што би сакале да го имате во својот приватен живот, а никогаш нема да го остварите и обично нема никаква врска со вашите сексуални желби.
Секс со странец
Да имате секс со безлична, таинствена или маскирана личност е еден од најмоќните секси сонови и некои аналитичари мислат дека можат да бидат преполни со значења.
Овој сон може многу да ви каже за вас самите. Ако тој мистериозен партнер е љубезен и полн со љубов кон вас, тоа може да биде добар показател да се развивате како личност и да учите са се прифатите себе си.
Понекогаш, овој сон има тотално спротивно значење. Може да се случи да имате секс со странец во сон бидејќи имате потреба да откриете нешто што се крие во вас. Скриеното лице е всушност скриениот дел од вас. Време е да се прифатите себе си и да се ослободите од таа личност во себе.
Секс со шефот
Да се „фрлите на работа“ со шефот е сосем нормален сон. Всушност вашиот шеф може да биде еден од најчестите партнери во еротските па дури и порнографски соништа. Но, тоа не значи тоа што вие мислите дека значи и од што веројатно ви е срам.
Дури и ако навистина чувствувате физичка привлечност кон шефот, тоа не е тоа за што се работи во овој сон. Вие во ваквиот сон се гледате себе како рамноправна личност со својот шеф. Тоа е затоа што сте во состојба да видите лидерски способности во себе, а реалноста не ви дава шанса да ги искажете.
Овој сон е всушност добар знак. Значи дека чувствувате дека оставате добар впечаток на работа. Ќе се сретнете со предизвик, а можеби сте подготвени и за повеќе одговорности.
Секс со поранешниот
Сонувате за секс игри со бившиот? Можеби се чувствувате виновни поради ова,а можеби сте на раб да го зграбите телефонот и да му испратите смс порака. Никако не го правете ни едното ни другото.
Секси соништата со поранешниот повеќе зборуваат за вашата нова врска, отколку за старата. Можеби доживувате чувства кои се слични на оние кои сте ги имале кон бившиот/та или се плашите дека вашата нова врска не оди во иста насока како претходната.
Ако пак и на јаве, непрекинато размислувате за поранешниот партнер, тогаш сонот може да ги претставува вашите повредени или неразрешени чувства. Во секој случај, овој сон укажува на тоа дека треба да пронајдете начин да ја решите ситуацијата од минатото за да можете да продолжите понатаму. Сите луѓе, барем од време на време, имаме така наречени „влажни соништа“, но тие не укажуваат на тоа дека потсвесно сакате секс со личн

Пронајдете не на следниве мрежи: