СЕКСИ ТЕСТ: Одговорете искрено на овие прашања и дознајте КАКВИ СТЕ ВО КРЕВЕТ

Во што грешиме, или што навистина не прави задоволни? Тестирајте ги своите афинитети и склоности.Одговорете по ред на поставените прашања, така што ќе одберете еден од двата понудени одговори кој ќе ве одведе до следното прашање. На крајот, на основа на резултатот од тестот пронајдете го својот сексуален профил на личноста.
Прашања:
1. Кога ќе се најдете во прилика да чуете, прочитате или дознаете нешто ново за љубовта или секосот, дали сте заинтересирани за содржината од таа област?
ДА – одете на прашање број 2
НЕ – одете на прашање број 7
2. Кога во ваше друштво се разговара за теми поврзани со секс, Вие се повлекувате од таквата ситуација. Сметате дека не е паметно јавно да се говори за својот интимен живот.
ДА – одете на прашање број 8
НЕ – одете на прашање број 3
3. Секогаш кога одите на љубовен состанок, на себе носите убава и одбрана долна облека.
ДА – одете на прашање број 4
НЕ – одете на прашање број 10
4. Постојат семејства во кои постојат различни сексуални неконвенционалности, на пример сите во домот шетаат сосема слободно без облека, без ниту малку срам да ги откријат интимните делови од своето тело. Вие сметате дека таквиот начин на однесување е неприкладен.
ДА – одете на прашање број 11
НЕ – одете на прашање број 5
5. Моментално немате љубовна врска и добро се чувствувате. Се наоѓате во ситуација слободно да се забавувате и да кокетирате.
ДА – одете на прашање број 6
НЕ – одете на прашање број 16
6. За девојките или жените кои редовно ги менуваат партнерите, сметате дека со право се нарекуваат „лесни“.
ДА – одете на прашање број 7
НЕ – одете на прашање број 17
7. Кога ја сонувате саканата личност или некој кој ве привлекува, замислувате жешки љубовни сцени на возбудливи места.
ДА – одете на прашање број 13
НЕ – одете на прашање број 12
8. Кога одите во кино, најчесто одбирате забавни, комични или лесни филмови. Здодевни ви се филмовите кои се занимаваат со сериозни животни теми
ДА – одете на прашање број 9
НЕ – одете на прашање број 12
9. Верноста е исклучетелно важна во заедничкиот живот. Но, на својот партнер сепак би можеле да му простите една љубовна афера или неверство.
ДА – одете на прашање број 20
НЕ – одете на прашање број 13
10. Добар сексуален живот можат да имаат само партнери кои навистина  се сакаат
ДА – одете на прашање број 9
НЕ – одете на прашање број 14
11. Ви пречи тоа што толку често се зборува и пишува за сексуални теми, како да нема на светот поважни работи и проблеми
ДА – одете на прашање број 10
НЕ – одете на прашање број 18
12. Мислите дека разните облици на самозадоволување не се потребни. Само сексуално загрозените личности се задоволуваат на таков начин.
ДА – одете на прашање број 18
НЕ – одете на прашање број 21
13. Познато ви е се што е потребно за контрацепцијата. Сакате однапред да бидете добро подготвени и за таква можност
ДА – одете на прашање број 14
НЕ – одете на прашање број 19
14. Отсекогаш сте знаеле дека еден ден ќе се венчате и ќе формирате семејство
ДА – одете на прашање број 26
НЕ – одете на прашање број 15
15. Кога ќе се погледнете во огледало задоволни сте со своето тело.
ДА – одете на прашање број 16
НЕ – одете на прашање број 21
16. Кога поминувате покрај секси шоп, не можете да одолеете и морате да се заѕверите во излогот
ДА – одете на прашање број 23
НЕ – одете на прашање број 18
17. Истражувањата покажуваат дека секој петти маж во просек само површно ја познаваат девојката со која ја изгубиле „невиноста“, тоа ви звучи незамисливо.
ДА – одете на прашање број 22
НЕ – одете на прашање број 23

 
18. Ако во некоја љубовна врска сексот не е задоволувачки, задолжително треба да се разидете. Таков пар никогаш не може да биде среќен.
ДА – одете на прашање број 25
НЕ – одете на прашање број 24
19. Кога се наоѓате на некоја журка, и ако снема струја а паровите почнуваат да се галат во мракот, вие си заминувате од тоа место.
ДА – одете на прашање број 24
НЕ – одете на прашање број 27
20. Личностите од јавниот живот кои го покажуваат секое делче од своето тело делуваат смешно, а не секси
ДА – одете на прашање број 25
НЕ – одете на прашање број 26
21. За вас пролетта е најубаво годишно време, тогаш се чувствувате во најдобро расположение за љубов и заљубување
ДА – одете на прашање број 28
НЕ – одете на прашање број 29
22. Секси играчки, лижење шлаг од телото на партнерот, врзување на очи и слично, за вас претставуваат смешни облици на однесување.
ДА – одете на прашање број 30
НЕ – одете на прашање број 27
23. За вас задоволувањето на сексуалните потреби во животот подеднакво е важно како и земањето храна или вода
ДА – одете на прашање број 29
НЕ – одете на прашање број 26
24. Според статистиката се повеќе млади луѓе чекаат на сексуални односи до брак. Сметате ли дека тоа е добро
ДА – одете на прашање број 31
НЕ – одете на прашање број 26
25. Поголемиот број млади луѓе кои навршиле 17 години ја изгубиле невиноста. Вие сметате дека тоа е претерано
ДА – одете на СОНУВАЧ
НЕ – одете на прашање број 26
26. Отсекогаш отворено сте разговарале со своите родители за разни сексуални теми
ДА – одете на прашање број 27
НЕ – одете на НЕОДЛУЧЕН
27. Постојат разни ситуации кога сте се засрамиле од своите сексуални фантазии
ДА – одете на НЕОДЛУЧЕН
НЕ – одете на прашање број 28
28. Понекогаш се наоѓате во паничен страв дека во својот живот или љубовта пропуштате нешто многу важно. Тогаш се чувствувате резигнирано и посакувате возбудливи сексуални авантури
ДА – одете на прашање број 29
НЕ – одете на прашање број 32
29. Да кажете „те сакам“ за вас не претставува никаков проблем, дури и кога тоа не го мислите
ДА – одете на НЕОДЛУЧЕН
НЕ – одете на АКТИВЕН УЧЕСНИК
30. Исклучително ви е важно Вашиот партнер со вас да биде среќен(а), подеднакво како што сте и вие со него/неа
ДА – одете на СОНУВАЧ
НЕ – одете на ЗАВИСЕН ОД СЕКС
31. Кога се наоѓате во голем љубовен проблем, најбрзо ве расположува некој нов флерт или некоја љубовна авантура
ДА – одете на ЗАВИСЕН ОД СЕКС
НЕ – одете на СОНУВАЧ
32. Романтиката за вас е исклучително важна. Можете во целост да се опуштите и нежно да се мазите со вашиот партнер, само ако ви одговара атмосферата
ДА – одете на АКТИВЕН УЧЕСНИК
НЕ – одете на НЕОДЛУЧЕН
33. Првите свои бакнежи и интимно мазење го доживеавте со некој кој исклучително ви значел
ДА – одете на АКТИВЕН УЧЕСНИК
НЕ – одете на ЗАВИСНИК ОД СЕКС
Резултати:

 
Сонувач
Вие уживате во нежни ноти на љубов, вас ви годат прво нежни допири држејќи се за раце, некои бакнеж на почетокот од врската. Кога некој од вас очекува слободно изразување на сексуалноста и интимна врска до почетокот на врската , вие автоматски се оддалечувате  од тоа лице. Се пали вашето “црвено светло” да избегате од таквата личност
За вас е потребно време за запознавање и адаптација, не можете со некој веднаш да бидете блиски во сексуална врска. Ви се допаѓа да сонувате за  запознавање во различни ситуации на таинствени места, романтични средби, љубовни освојувања и сексуални односи. Потрудете се другата страна да ги сфати и  разбере вашите потреби, не дозволувајте некој да ве принудува на ситуации каде што нема да се чувствувате слободно и удобно. Луѓето имаат различни потреби и на  различни начини ја задоволуваат својата сексуална природа, па така е и со вас.
Неодлучен
За вас најтежок е почетокот на познанството или односот, обично делувате неодлучно и не знаете што точно сакате. Помислата на страст, исто така, обично ве прави несигурни, или дури ве одбива. Таквата психолошка состојба не е изненадувачка. Веројатно ќе бидете многу поодлучни во ситуации само кога навистина ќе бидете сигурни за она што го сакате или чувствувате. Можно е своето љубовно и сексуално искуство најмногу да сте го стекнале поради вашата  природна љубопитност и желба за нови знаења, а не затоа што навистина ви било гајле за тие луѓе.
Се разбира, сè во животот е и многу поучно. Со текот на времето, треба да создадете свои сексуални афинитети, подобри критериуми и искуствени ставови. Научете дека, пред да започнете нова љубовна врска или авантура, повеќе треба да го слушате вашиот внатрешен глас и да ги следите вашите чувства.
Активен учесник
За вас сексуалните аспекти навистина имаат многу важна улога во животот. Во исто време, многу одговорно и совесно утврдувате  различни критериуми или ограничувања во своето сексуално однесување. Вие разбирате дека кога ќе се бакнете со некој или кога со некој ќе имате секс, тоа не мора само Вас да ве направи среќни.  Ви значи да ги задоволите вашите сексуални потреби, но вие сте свесни и за одговорноста кон партнерот со кого сте во романтична врска.
Обично не влегувате во некои несовесни љубовни врски. Се трудите при изборот на нов партнер да ги синхронизирате вашиот ум и чувства. Тоа е навистина мудро однесување, бидејќи на овој начин ќе имате најдобра шанса да доживеете многу радост и среќа во љубовниот живот, и целосно да уживате во сексуалните односи. Ви значи да постигнете рамнотежа во љубовната врска.
Зависни од секс
Вашиот однос кон сексот може да се окарактеризира во слободен жаргон како „однос кон спортот“. Ви значи да се афирмирате како совршен љубовник/ца и најчесто од сите партнери очекувате разновидно задоволство или врвни возбудувања. Повремено сте склони да ги рангирате вашите сексуални партнери на различни начини: По критериуми на успешност, однесување, задоволување и сл.
За жал не забележувате некои многу важни фактори во заедничкиот однос како што се: доверба, чувство на блискост и верност или посветеност. Задоволството кое го дава сексуалниот однос, зависи од взаемната блискост и препуштање. Не можете да го доживеете целосниот врв или совршенство во љубовниот однос, се додека целосно не се препуштите на вашиот партнер и не изградите заеднички однос на доверба. Одговорете по ред на поставените прашања, така што ќе одберете еден од двата понудени одговори кој ќе ве одведе до следното прашање. На крајот, на

Пронајдете не на следниве мрежи: