„Сексот и градот“ со заблудите кои ги пласираше кај јавноста!

Миранда, Кери, Саманта и Шарлот се четирите сексапилни пријателки со четири речиси идеални животи. Но дали тоа постои во реалноста?
Некои ги сакаат, некои немилосрдно ги критикуваат, во секој случај четирите актерки на култната серија Сексот и градот, се предмет на разговори на сите девојки и многу мажи.И да, ако животот на овие четири жени го доживувате како нечиј плод на фантазија и одлична забава, не постои ништо лошо во тоа, меѓутоа, постои и група на девојки кои речиси сто отсто се поистоветуваат со некоја од четирите глумици, доведувајќи се себеси во состојба да се прашаат – А зошто мене тоа не ми успева, кога можеше на Саманта?
Ако се наоѓате во оваа втора група, прочитајте кои се шесте заблуди кои на женската популација ги наметна серијата Сексот и градот…
 
Секогаш постојат четири пријателки
Во кој момент на некого му паднало на памет дека четири целосно различни жени можат да функционираат толку совршено? Некако секаде се провлекува тој број четири, но никако да дознаеме зошто некој би помислил дека такво нешто е нормално… Во реалноста поимот четири најдобри пријателки е помалку веројатен отколку додека ова го читате вистинската Кери Бредшоу да ви дојде на врата.
 Две – тоа е граница и точка. Ајде, може и трета, да не бидеме престроги…
 
Мора да имате другар хомосексуалец
Луѓето не се аксесоари, прво сфатете го тоа. Второ, не ги бирајте пријателите според сексуалната определба, туку според интересите, ставовите или некоја трета заедничка работа. Трето, не го викајте Мојот геј пријател, тој не е ваше домашно милениче.
 
Излегувањето сo девојки е најдобро
Пред емитувањето на серијата Сексот и градот, ноќ само во друштво на другарки ретко на кого му паѓало на памет, а ако се случувало, главно се провлекувала реченицата – Штета што тука нема фраери… Почести се тие акции од типот – Ајде во град да најдеме некои фраери, или ајде да седиме дома и да гледаме романтични филмови… Мешање? Никако.

Жените се позаинтересирани за сексот од мажите
Колку пати само низ емисијата е повторено дека жените се полоши во приказната за сексот од мажите… Не, не се! Не се ни пола како мажите… Далеку од тоа дека се идеални светици, но мали се шансите некаде да наидете на друштво на 30 годишни кои цела ноќ зборат за машки полов орган. Од друга страна, кога би поминале покрај машко друштво, во кое се зборува за женското тело и сексот, веројатно ништо чудно нема да помислите…
 
Жените спијат со градник
Не постои друго објаснување освен дека продуцентите на серијата решиле да направат тест и да видат дали жените ширум светот ќе ја променат културата на облекување во текот на спиењето, ако гледаат исто на малите екрани. И единствениот ефект кој го постигнале е дека сега сите можни филмови одат според оваа логика. Жените и нивните градници, дури и во кревет… Прост факт е дека во реалноста не постои ниту една жена која ужива во ова, секоја едвај чека да се ослободи од него.
 
Со сите да се сподели сопствениот хаос при запознавање на нови момчиња
Овој момент од серијата имаше лудачки ефект на голем број на девојки. Наместо да бидат силни и да заземат став, повеќето од нив почнаа со таа приказна – јас сакам љубов и не можам да ја најдам, бидејќи тоа сигурно не е начин навистина да ја добијат. Морате да одолеете на секој нагон својот хаос при запознавање на ново момче да го споделите со јавноста низ сите социјални мрежи на овој свет. Престанете да зборувате на сите за поранешните, сегашните, идните и потенцијалните мажи во вашиот живот. Можеби сметате дека е добро, симпатично или смешно, но не е.
Обидете се на старомоден начин, додворување, „мување“, дискретно и чекор по чекор.И да, ако животот на овие четири жени го доживувате како нечиј плод на фантазија и одлична забава, не постои ништо лошо во тоа, меѓутоа, постои и г

Пронајдете не на следниве мрежи: