Дознајте колку навистина се трошат калории за време на сексот и дали тоа е доволно за да изгубите тежина. Или сепак ќе морате малку да повежбате.Постојано се зборува за тоа како сексот согорува калории и како можете да изгубите тежина ако редовно го практикувате. Сепак, останува прашањето – колку калории всушност се трошат за време на секси акробациите.
Неодамнешните студии покажаа дека просечен сексуален чин трае околу шест минути, во кој се троши околу 21 калорија. Во случај да имате среќа и вашиот секс потрае околу половина час ќе потрошите 80-100 калории.
Од друга страна пак со одењето на трака, во период од половина час, ќе потрошите повеќе од 200 калории, што прилично ја намалува фитнес страна на сексуалната активност.
Меѓутоа сексот има и свои предности како што е подобрување на расположението, го подобрува спиењето, ја подмладува кожата и таа останува помлада поради подобрата циркулација, се развива интимност со вашиот партнер, и се трошат калории. Можеби не е толку ефикасен како трчањето, но никогаш не се откажувајте од вашите омилени вежби.Постојано се зборува за тоа како сексот согорува калории и како можете да изгубите тежина ако редовно го практикувате. Сепак, останува прашањето –