Сексот со новите презервативи ќе биде уште посигурен и попријатен

Сексот со новите презервативи ќе биде уште посигурен. Графен, материјал награден со Нобелова награда, кој е екстремно тенок, а истовремено и неверојатно издржлив, ќе се користи во производство на поцврсти кондоми со кои сексуалниот однос ќе биде уште попријатен.Графенот во 2004 година први го открија научниците Andrew Geim и Kostya Novoselov од Универзитетот во Манчестер, па за ова откритие ја добија и Нобеловата награда за физика во 2010 година. Во споредба со челик, еден „лист“ графен е шест пати полесен и има пет до шест пати помала густина, два пати е потврд со десет пати посилна цврстина и 13 пати поеластичен.
Овој изум веќе се користи во електроник, новите соларни плочи, лесни оклопи за тело, материјал за „обвиткување“ на садови и тенџериња, а сега во комбинација со латекс ќе се прават и кондоми.
Од Универзитетот сметаат дека ова може да претставува револуција во производството на ваков вид заштита, која би била и полесна за користење.
„Со овој материјал ќе се подобри природното чувство на сексуалниот однос при користење презерватив, со што би се охрабриле луѓето да користат заштита“, велат од Универзитетот.Графенот во 2004 година први го открија научниците Andrew Geim и Kostya Novoselov од Универзитетот во Манчестер, па за

Пронајдете не на следниве мрежи: