Волонтерите во бегалскиот камп во Кале се осомничени за сексуално злоставување на бегалци, меѓу кои и има и деца, открива “Independent”, кој разоткрил како во кампот кој е наречен Џунгла биле забележани случаи на сексуално насилство над бегалци од страна на волонтери.Имено, во Кале не постои официјална хуманитарна организација задолжена за помош на мигрантите, ниту се спроведува контрола над изборот на волонтери.
Една од основачите на хуманитарната организација “Care4Calais”, Клер Мосели, рекла дека кампот не е признат како официјален бегалски камп, туку станува збор за илегална населба.
„Од таа причина не можеме да натераме некој да го напушти кампот”, рекла Мосели.
Волонтери искористуваат малолетни децаСлучаите со сексуално искористување на мигранти за прв пат биле откриени преку Фејсбук групата на работниците во кампот, која има повеќе од 36.000 членови.Еден од луѓето кој предупредил на ваквата пракса, бил подложен на неверојатно малтретирање преку интернет.
„Малолетни деца имаат секс со волонтери, а слушнав и за многу случаи на проституција. Постојат и приказни за волонтери кои секој ден имаат односи со неколку мигранти”, напишал еден од членовите на групата.
Мигрантите зависат од помошта на волонтеритеДодал дека бегалците се наоѓаат во подредена позиција, во која нивниот живот зависи од помошта на волонтерите. Навел и дека во повеќето случаи станува збор за волонтерки кои сексуално искористуваат мигранти во кампот.Поради ова, УНХЦР апелирал овие обвиненија да се истражат.Имено, во Кале не постои официјална хуманитарна организација задолжена за помош на мигрантите, ниту се спроведува контрола над изборот на волонтери