Јас ништо не сум потпишал и никогаш нема да потпишам. Не ми е јасно зошто на некојси претседател му се потребни гаранции за унитарноста кога тоа не беше барано од другата страна, рече Зијадин Села на првото појавување во јавноста, пренесува Телеграф.мкЗијадин Села, лидерот на Движењето за реформи – ДПА и на „Алијанса за Албанците“, во своето прво појавување во јавноста рече дека тој не стои зад гаранциите што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги достави во име на новото парламентарно мнозинство, а во насока за добивање мандат од претседателот Ѓорге Иванов за формирање влада.
– Јас ништо не сум потпишал и никогаш нема да потпишам. Не ми е јасно зошто на некојси претседател му се потребни гаранции за унитарноста кога тоа не беше барано од другата страна – рече Села.
Во врска со настаните од 27 април, пак, Села рече дека на тој ден бил извршен атентат врз барањата на Албанците.
– На 27 април беше извршен атентат врз политичките барања на Албанците. На 27 април донекаде успеаја да нè убијат, но ние пак се реинкарниравме и се вративме на политичката сцена во Македонија. Ќе продолжиме барањата на Албанците во Македонија да ги преточуваме во политички барања. Го продолжуваме овој наш пат и ќе се вратиме уште посилни на политичката сцена – рече Села на прес-конференцијата во партиското седиште во Тетово.
Тој беше пречекан од голем број негови симпатизери. Тие на себе носеа маички со ликот на Села. Над влезот во објектот каде што е сместено партиското седиште беа закачени знамиња на Албанија, НАТО, ЕУ, САД. Македонското знаме не е закачено.
Зијадин Села, лидерот на Движењето за реформи – ДПА и на „Алијанса за Албанците“, во своето прво појавување во јавноста рече дека тој н