Албанскта новинска агенција „ИНА“ денеска објави вест за средба помеѓу лидерот на ДР-ДПА Зијадин Села и еврокомесарот Јоханес Хан, каде Хан поттикнат од Заев барал од Села Законот за употреба на албанскиот јазик да биде ставен за гласање по локалните избори, на што Села му кажал дека доколку во рок од 100 дена не се изгласа Законот за албанскиот јазик тој ќе ја напушти владината коалиција.Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан остварил необична средба со лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села. Села се покажал многу упорен во барањата на Аалбанците, особено за статусот на албанскиот јазик во Македонија, пишува „ИНА“.
„ИНА“ дознава дека Хан поттикнат од Зоран Заев побарал од Села Законот за јазици да биде донесен после локалните избори. Извори од оваа средба за „ИНА“ кажуваат дека, Села му кажал на Хан, дека доколку во рок од 100 дена не бидат донесени измените и дополнувањата во Законот за јазици, тој ќе ја напушти Владата.
Хан продолжил со притисокот кажувајќи му дека ова би го оштетило Заев на локалните избори, а би профитирала партијата на Никола Груевски.
-Јас ги застапувам интересите на мојот народ. Пред граѓаните ветив дека во рок од 100 дена ќе се донесе законот за албанскиот јазик. Не ме интересираат други калкулации, во тие 100 дена ќе ја напуштам Владата, доколку премиерот Заев не рефлектира”рекол Села,кажуваат извори од ДР-ДПА.Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан остварил необична средба со лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села. Села се покажал многу упорен во барањата на А