Зијадин Села во гостување во ТВ Алсат М, признава дека неговата партија- Алијанса за Албанците ќе даде дополнителни услови и ќе го уцени СДСМ.-Се знае дека има преговори, но од друга страна од кога сме излегле на политичката сцена сме зборувале со овој јазик. За нашите прашања, за нашиот јазик нема да чекаме да ни испрати предлог Заев или Груевски. Но предлогот ќе го направиме самите и ќе ги уцениме тие да го поддржат, истакна Села.
Села признава и дека до нив немало понуда од ВМРО-ДПМНЕ.
Понудата и најавата на Зоран Заев и СДСМ дека ќе го менуваат уставот, ќе го укинат рамковниот договор и ќе обезбедат двојазичност во цела Македонија и кантонизација преку поголеми овластувања на општините и нивно етничко здружување, алабнските партии во Македонија го препознаа како шанса за реализација на својот национализам и укинување на унитарноста и македонскиот карактер на македонската држава, која сега сакаат да ја искористат.
-Ние ги понудивме нашите потписи, тоа не значи Влада по секоја цена. Потоа треба да влеземе и да го предадеме Законот. Прво да се гласа Законот за албански јазик и треба да оди албанскиот јазик, а потоа назад можеме да дискутираме и за други прашања, додава Села, во гостувањето.
Поттикнати од подарокот што им го ветија СДСМ и Заев тие сега отворено најавуваат дека нема да има нова влада ако не им се даде она што Заев го понуди, што значи темелно менување и уривање на македонската држава и губење на унитарноста во единствената држава која Македонците ја имаат.
-Јас работам да се подготви Закон за кој потоа да може македонската страна да избере дали го прифаќа или не. Но, ние треба да инсистираме и на уставни промени.
-Се знае дека има преговори, но од друга страна од кога сме излегле на политичката сцена сме зборувале со овој јазик. За нашите прашања, за нашиот