Со еврокомесарот Хан се согласивме дека единствена можност за да се излезе од кризата е институционалниот пат, а не патот на институциите, изјави лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села по средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во Собранието на Република Македонија.- Мислам дека на ова општество му треба дебата, а не лаги и дезинформации, ниту пак да се враќаме во минатото и да сервираме изјави како да се денес направени. За мене ништо не е забрането да се дебатира во Собранието, да се дискутира и заеднички да донесеме одлуки за иднинината на сите граѓани во Република Македонија. Сите тие коишто се против оваа форма се анархисти кои го ризикуваат спокојството и животот на секој граѓанин, рече Села.
Прашан дали од еврокомесарот Хан и од европратениците имало сугестии во кој правец да се движат во решавањето на проблемот, Села рече дека им било сугерирано да се држат до институциите и што побрзо да се формира влада за земјава да продолжи на патот кон ЕУ и НАТО.
За претседателот на државата Ѓорге Иванов, Села рече дека во однос на мандатот нема право на личен став.
– Претседателот на државата нема право на лично мислење, туку само да го спроведува Уставот. Иванов може да има не само еден туку стотици лични ставови. Како претседател на државата тој нема право на личен став за мандатот, туку е должен да го даде на оној што ќе обезбеди мнозинство од најмалку 61 пратеник. Сметам дека треба да заврши Конститутивната седница на Собранието, да се избере претседател на Собранието, а потоа да се информира претседателот Иванов дека има мнозинство. Потоа може да се чека 10 дена за само да даде позитивно мислење. По Устав нема право да не го даде мандатот и после 10 дена слободно може да се гласа влада, а ако некој има нешто против може да се обрати до Уставниот суд и Уставниот суд да реши, прецизира Села.
Нагласи дека како општество не смее да му се дозволи на кој било да работи против Уставот.
– Ако Претседателот работи против Уставот треба да одговара исто како и секој пратеник, министер…, рече Села.
Прашан дали еврокомесарот најави можност за санкции, Села рече дека Алијансата на Албанците не е дел од оние што ја продлабочуваат кризата и затоа немало потреба Хан да зборува со него за санкции.
– Не гледам причина зошто Хан би зборувал со нас за санкции, а верувам дека треба да зборува за санкции со тие што секојдневно работат за да имаме криза. Побарав од Хан ЕУ во никој случај да не ги тргне рацете од Македонија бидејќи единствениот добар пат за нас е патот кон ЕУ и НАТО, истакна Села.- Мислам дека на ова општество му треба дебата, а не лаги и дезинформации, ниту пак да се враќаме во минатото и да сервираме изјави како да се дене