Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски, пред пријателскиот натпревар со селекцијата на Бугарија, вели дека неопходен е позитивен резултат од овој меч.„За нас мечот со Бугарите има иста важност како кој било официјален квалификациски натпревар и така мора да го сфатиме. Позитивен резултат ни е неопходен по серијата порази во последно време пред средбите со Велс и Шкотска“ вели селекторот Јаневски.
Тој надополни дека ситуацијата со Попов е мошна јасна, според него, тој неколку пати го барал, но Попов не одговорил, таква е приказната што ја вели во јавноста, нашиот селектор Јаневски.
„Јас пред секој натпревар сакам со некои играчи и лично да контактирам. Во случајот со Попов, неколку пати го барав, му оставив дури и смс-порака со мојот број, но тој не одговори. Зошто е тоа така не ми е јасно, на тоа тој треба да даде одговор“ изјави Јаневски.
Извор/Фото: „НоваМакедонија“„За нас мечот со Бугарите има иста важност како кој било официјален квалификациски натпревар и така мора да го с