СЕЛФИ ОПАСНО ПО ЖИВОТ: Во Њујорк забрането фотографирање со диви мачки

Слични закони се подготвуваат во Мисисипи, Аризона и Канзас, каде една 17–годишна девојка  ја убил тигар со кој позирала за фотографија.Во Њујорк од сега ќе биде забрането фотографирање со големи, диви мачки, како тигар или лав, што е пракса  која станала многу популарна на сајтовите за контакти, а која борците за заштита на  животните ја сметаат за опасна и по луѓето и по животните.
Гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендру Куомо, оваа недела потпишал закон која забранува директен контакт помеѓу припадниците на јавноста и големи мачки од циркус или  на панаѓури, а нивните сопственици ќе бидат парично казнети доколку дозволат таков контакт.
Таканаречените  „тигар – селфи“ фотографии станале многу популарни како профил фотографии на сајтовите за контакти, каде, главно, млади луѓе, се фотографираат со тие опасни животни.

Заштитниците на животни сметаат дека ваквото однесување е опасно не само за луѓето, туку и за  животните, кои често како младенчиња се одземани од мајката, лошо негувани и потоа, кога ќе пораснат, отфрлани.
„Тие ги размножуваат тигрите, младенчињата ги користат за сликање, и потоа, кога повеќе  не можат да ги користат, ги даваат на парење. Одземањето на младенчето од мајката е страшно и за младенчето и за мајката. Не е лесно да се грижите за младенчиња на соодветен начин. Млекото за тигрите не се продава во продавници за домашни миленичиња“, рекла Керол Баскин, основач на Здружението за спасување на големи мачки од Флорида, во кое се згрижени повеќе од 100 мачки.Во Њујорк од сега ќе биде забрането фотографирање со големи, диви мачки, како тигар или лав, што е пракса  која станала многу популарна на сај

Пронајдете не на следниве мрежи: