Опозициските новинари Насер Селмани и Петрит Сарачини кои и двајцата важат за блиски до СДСМ и СОРОС, влегоа во жестока расправа преку опозициските медуми за избирањето на 5-тиот член на ад хок комисијата за медиуми кој треба да биде Албанец.Преку своите Фејсбук профили тие си упатија меѓусебни обвинувања за началствување и како што велат самите едниот и другиот да си ги сокријат своите “валканици”, а всушност вистинската поента е ривалството кој да биде 5-тиот член.
Петрит Сарачини, инаку активист на СОРОС, учесник во “Шарената револуција”, говорник на собири на СДСМ и новинар, го обвини Насер Селмани дека не ги штител членовите на ЗНМ и не се залагал за нивните потреби. Исто така го обвини дека има проблем со конкуренцијата, своето место во ЗНМ го чува само за себе и имал политички амбиции за кои е спремен и да го згази политичкиот кодекс.
Насер Селмани, пак, во реплика на Петрит Сарачини рече дека сето она што го вели Петрит се само клевети и го обвини дека ги тргнал маските и конечно ќе биде во друштвото на “началниците“.
Оттука останува прашањето дали можеби и двајцата имале исти амбиции за ад хок комисијата и не успеале да се договорат, па затоа мораа да ги вкрстат копјата и да влезат во јавна меѓусебна препирка.Преку своите Фејсбук профили тие си упатија меѓусебни обвинувања за началствување и како што велат самите едниот и другиот да си ги сокријат своите
Пронајдете не на следниве мрежи: