Селски закон: Сестри осудени на јавно силување

Сестрите се осудени поради својот брат кој побегнал со мажена жена.Индиските активисти се кренале на нозе откако две сетри биле осудени на казна јавно силување и понижувачка „гола прошетка“ низ селото додека лицата им се прекриени со црна боја.
Сестрите Кумари од индиското село Багхпат, стари 23 и 15 години на оваа казна поради нивниот брат кој попбегнал во непознат правец со мажена жена и тоа од повисок социјален слој.
Девојките на казна ги осудил „советот на старци“ во селото, а тие инаку се припаднички на сиромашниот слој граѓани, Далита. Жената која побегнала со нивниот брат била во договорен брак со локален богаташ.
Сестрите се жалеле до Врховниот суд на пресудата и барале од властите да реагираат, бидејќи не смеат да се вратат дома поради стравот од оваа брутална казна, а за тоа време немаат каде да живеат.
Селските совети во Индија главно се составени од постари членови на заедницата, а иако сите судови ги прогласиле за илегални, во повеќето села во Индија тие се уште донесуваат вакви пресуди и тие дури и се извршуваат, пишува „Time“.Индиските активисти се кренале на нозе откако две сетри биле осудени на казна јавно силување и понижувачка „гола прошетка“ низ селото д

Пронајдете не на следниве мрежи: