Кога нивната ќерка дошла да ги посети, никој не ни очекувал каква трагедија ќе ги најде до крајот на денот. После ненадејната смрт на двете деца, и срцето на нејзиниот сопругот откажало од тага.
Хилари Денис( 79) доживеала неверојатна семејна трагедија, го изгубила сопругот, ќерката и синот во 24 часа.
Кога нејзината ќерка дошла кај нив на посета била весела и расположена. Во минатото имала проблеми со жолчката и се пожалила само дека не и е добро. Кога брзата помош дошла по неа и поматаму се шегувала и била весела. Подоцна од болницата им јавиле дека ниваната ќерка е мртва.
Мајката веднаш го побарала нивниот син, па откако после неколку повици тој не се јавил, знаела дека нешто не е во ред. Подоцна тој е пронајден мртов со слушалка во рака. Се обидувал да повика помош пред да почине од излив на мозок.
Нејзиниот маж не можел да се помири со загубата на двете деца во еден ден и срцето го издало. По 60 години брак, Хилари останала сама. Таа изјавува дека не знае како ќе го преживее ова.
Кога нивната ќерка дошла да ги посети, никој не ни очекувал каква трагедија ќе ги најде до крајот на денот. После нена