Зборовите на ќерките на Путин последен пат се слушнале во 2000 година, кога изјавиле дека насекаде ги следат телохранители и оттогаш ништо за нив не се знае. Слична е ситуацијата и со поранешната сопруга на Путин, Људмила: „Не пие и не ме тепа. Но, тој е вампир кој го исцица животот од мене.“Рускиот претседател многу вешто го крие својот приватен живот. Готово ништо не се знае за неговото семејство. Не постојат официјални фотографии од неговите возрасни ќерки: 29-годишните Марија и Маша и 28-годишната Екатерина, позната и како Катја. Девојките студирале во Русија со лажни имиња, а дури ниту нивните колеги студенти не биле свесни за нивниот вистински идентитет, пишува Њузвик.
Неговата ќерка Маша дури ни по соборувањето на малезискиот авион на летот МН17 не можела да биде пронајдена од страна на украинските демонстранти кои наводно се собрале пред нејзиниот дом во Хилверсум, во кој живеела заедно со своето момче.
Мистериозноста со која е опколен Путин стриктно се спроведува во Кремљ. На новинарите кои ќе ја нарушат приватноста на руското семејство не им се пишува добро. Кога еден московски дописник во 2008 година објавил дека Путин има намера да се ожени со атлетичарката Алина Кабаева, уредникот бил присилен да поднесе оставка во наредните неколку часа. Никој повеќе нема слушнато ништо за тој дописник.
На прашањето дали може да искоментира нешто за својата врска со Кабаева, Путин на новинарската конференција во Сардинија на сите јасно им ставил на знаење дека прашањата за неговиот живот се забранети. „Мора да постојат некои граници. Отсекогаш ги презирав луѓето кои го пикаат носот во туѓите животи“, рече Путин. Веднаш потоа, тогашниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој стоел покрај Путин, во свој стил се пошегувал на начин како „пука“ со прстите кон рускиот новинар кој го постави тоа прашање.
Германскиот режисер Хуберт Зајпел, кој во периодот од 2010 до 2011 година, добил дотогаш невозможен пристап до Путин за потребите на неговиот наградуван филм „Јас, Путин“, поминал стотина и стотина часа во близина на рускиот лидер, но ниту тој не ги видел ќерките на Путин. Едниствениот услов кој го добил Зајпел бил дека не смее да открие ништо за приватниот живот на Путин.
„Тој е многу чувствителен и му ветив дека нема да откријам премногу детали за неговото семејство“, изјавил Зајпел по премиерата на филмот. Откриени се само основните детали, односно за неговата сопруга Људмила, стјуардесата на Аерофлот, која ја запознал преку заеднички пријатели во 1980 година. Тие отишле на „состанок на слепо“, а Људмила во едно интервју изјавила дека Путин бил „лошо облечен и многу непривлечен и дека не би обрнала внимание на него ако го сретне на улица“.
Но, Путин бил упорен и парот се венчал во 1983 година.
Во последните 14 години многу малку се знае за неговото семејство. Повремено се појавувале некои гласини, но многу брзо би им дошол крајот.
Некои сметаат дека Путин е фанатично заштитнички настроен кон ќерките, бидејќи од прва рака видел како изгледаат дисфункционалните семејства: на неговиот шеф од деновите во Санкт Петерсбург Анатолиј Собчак и Борис Јељцин. Според зборовите на Бен Јудах, однесувањето на сопругата на Собчах и ќерката толку му биле одвратни на Путин, што уште од тој момент одлучил да ги држи ќерките што е можно подалеку од очите на јавноста.
Што се однесува на Људимла, таа поминала 30 години во сенката на сопругот. Секоја асоцијација на неа е избришана од службените страници на Кремљ. Според законот, Људмила има право на половина од службената плата на Путин која изнесува 102.000 долари, но засега нема никакви детали кои го потврдуваат тоа.Рускиот претседател многу вешто го крие својот приватен живот. Готово ништо не се знае за неговото семејство. Не постојат официјални фотографии од



