недела, 29 ноември 2026
Најново

Семејства од странство посвојуваат деца од Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

За шест месеци две семејства од странство посвоиле деца од Македонија. Во регистарот се запишани уште 65 странски државјани. Американци, Британци, Швеѓани и Словенци доаѓаат по деца во Македонија, објави „Здравство24“.Од Министерството за труд и социјална политика велат дека за разлика од македонските граѓани, странците немале големи желби за изгледот, здравствената состојба и националноста на детето. Изминативе години има случаи кога посвојувале и деца со попреченост во развојот.
Според податоците од труд и социјала во моментот бебе за посвојување чекаат и околу 200 Македонци, а заедно со странците вкупната бројка на потенцијални посвоители е 261 семејство, а има 96 деца  кои се на возраст од 7 месеци до 17 години. Од нив 72 се со некаква попреченост во развојот.
Целата постапка за посвојување почќнува од центрите за социјална работа каде посвоителите треба да ја достават неопходната документација.
Предност при посвојување имаат македонски државјани, а странците пред да посвојат дете од Македонија мора да поднесат барање во нивната матична држава. Потоа барањето се доставува до надлежната комисија за посвојување при МТСП.Од Министерството за труд и социјална политика велат дека за разлика од македонските граѓани, странците немале големи желби за изгледот, здравствен

Поврзани вести