Проектот за греење со пелети кој пред два дена го промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе биде корисен и за граѓаните и за животната средина.Истиот предвидува субвенција за набавка на печки за греење на пелети за домаќинствата, ќе се покрива до 70 проценти од трошоците на домаќинствата за замена на печките на дрва со печки и котли на пелети, по принципот „старо за ново“, за најмногу до 30.000 денари по домаќинство.
На годишно ниво за поддршка за домаќинствата ќе се инвестираат 2,5 милони евра, а еден милион евра за субвенционирање системи за греење за големи потрошувач.
– Ова е мерка која засега огромен број граѓани и ние работиме и нудиме проекти што ќе им помогнат на огромен дел од нив. Тоа е нашата вредност и тоа е нашата обврска кон граѓаните и ние таа обврска ја исполнуваме. Продолжуваме да работиме за доброто на граѓаните и за напредок на Република Македонија и од тоа и покрај сите препреки и сите опструкции и деструктивни сценарија нема да отстапиме, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Печка co систем за дување на топол воздух за површини до 60 м2 чини 42.400 денари со вклучено 18% ДДВ и сезонска потрошувачка од 1,5 тони пелети. Со мерката на греење на пелети ќе се намали ДДВ-то од 18 на 5% што значи цената ќе изнесува 36.888 денари.
Од оваа намалена цена Владата на корисникот ќе му покрие 70% или 25.821 денари, а тој ќе плати 11.066 денари.
Печка co систем за дување на топол воздух за површини до 80 метри квадратни чини 49.500 денари со вклучено 18% ДДВ и сезонска потрошувачка од 1,75 тони пелети. Со мерката на греење на пелети ќе се намали ДДВ-то од 18 на 5% што значи цената ќе изнесува 43.065. Од оваа намалена цена Владата на корисникот ќе му покрие 70% или највеќе до 30 илјади денари, а тој ќе треба да плати само 13.065 денари за печката.
Alfa печка на пелети од друг производител со која се затоплуваат до 52 квадрати чини 47.999. Со мерката на греење на пелети ќе се намали ДДВ-то од 18 на 5% што значи цената ќе изнесува 41.759 од кој 70 отсто ќе плати државата или 29.231 денари, а корисникот ќе треба да плати за печката само 12.528 денари.
Ќе се поддржува и набавката и потрошувачката на пелетите. Со цел да се намали нивната цена и да бидат поконкурентни од другите средства за загревање ќе се поддржи субвенционирана цена за пелетите во наредните десет години. Како што најави Груевски, за да се поттикне побарувачката и употребата на овој вид греење ДДВ-то за пелетите и за печките на пелети ќе биде намалена од 18 на 5 проценти.
Така еден тон пелети, појасни Груевски, кој сега чини 11.500 денари со намалувањето би чинел 10.200 денари односно за 1.300 помалку или едно домаќинство кое во грејна сезона од 200 дена троши три тони пелети и со постојната цена има трошок од 34.500 денари со намалувањето на стапката на ДДВ на 5 проценти трошокот би изнесувал 30.600 денари односно 3.900 денари помалку.
Исто така, ЈП„Македонски шуми“ ќе се специјализира и ќе почне да произведува пелети кои по мошне поволни услови ќе бидат понудени на пазарот.
– Планирано е и субвенционирање за инсталирање системи за греење со радијатори на пелети во големи станбени објекти и други поголеми потрошувачи како градинки, училишта, здравствени домови, јавни претпријатија… лоцирани во објекти во населени места што не се приклучени кон централно градско греење и кои во моментот во најголем дел се затоплуваат со дрва или посилни горива. За оваа мерка ќе бидат наменети еден милион евра годишно во период од 4 години, рече Груевски.
Одлуката да се поддржи ваков проект е донесена по направените анализи за поволностите на греењето на пелети. Тие претставуват обновлив извор на енергија и се добиваат како нуспродукт од преработката на дрво за други намени односно од дрвена пелевина, кора од дрво…
Собирањето на оваа отпадна маса ќе помогне и во намалување на пожарите. Пелетите имаат пониска цена, ја чуваат животната околина, лесни се за употреба, имаат високакалорична моќност односно даваат повеќе топлина, а имаат најнизок степен на загадување на воздухот и со нивна масовна употреба во голем дел треба да се реши проблемот со загадувањето во есенските и зимските денови.
Проектот ќе почне да се спроведува од 2017 и ќе важи до 2020 годинаИстиот предвидува субвенција за набавка на печки за греење на пелети за домаќинствата, ќе се покрива до 70 проценти од трошоците на домаќинствата з