Семејството Дамјановски од Битола се поднови со КИА Спортаж од инстант лозот АВАНТУРА на Државна лотарија на Македонија

Се чини дека жешкото лето и годи на среќата, а градовите Битола и Прилеп летово како да се натпреваруваат во вжештување на атмосферата со делење на добивки од игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија.Неодамна во Прилеп беа изгребани и доделени две премии од лозот Авантура, а од 1ви август претпразнично во Битола се вози и вториот битолски среќен КИА Спортаж, откако претходно официјалното доделување, во свечена атмосфера,  го реализиравме во салонот на КИА во Скопје.
Низ улиците на Битола вториот Киа Спортаж од инстант лозот Авантура, ќе го вози  семејството Дамјановски, благодарение на среќната рака на Снежана Дамјановска која со својот сопруг не посети во Скопје, а потоа и во Битола на среќното место ДИМПО.
Добитниот лоз Снежана го купила од продажното место ДИМПО ДООЕЛ  кое се наоѓа кај новиот пазар во Битола. Снежана купила еден лоз на кој имало добивка од 60 денари, па решила да го замени за друг од истиот вид и не погрешила, бидејќи токму тој лоз им ја донесе премијата автомобил КИА  Спотраж. Снежана иако е редовен играч на инстант лотаријата  на ДЛМ никогаш не верувала дека токму таа може да биде добитник на премија, па возбудата и неверувањето ја држеа и во моментот кога во рацете ги имаше клучевите од преубавата КИА на денот на доделувањето во салонот на КИА во Скопје, но и на денот на првото возење од пред среќното продажно место во Битола  каде имавме празнично дружење со водителката Марјана и тимот на Државна лотарија на Македонија.
Од 10те автомобили КИА Спортаж премии на лозот авантура, три заминаа во Прилеп, а две во Битола. Натпреварувањето меѓу Битола и Прилеп продолжува, до следната премија.
Инаку,инстант лозот Авантура во фондот на добивки нуди 10 (десет) автомобили Kia Sportage и парични добивки до 50.000,00 денари. Вкупниот фонд на добивки е 37.530.000,00 денари, а секој трет лоз е добитен. Добивката се дознава со гребење на малите автомобили, под што се откриваат девет полиња во кои се прикажани бројки/суми или симболи. Лозот носи парична добивка доколку во три од деветте полиња има три исти суми. Добивката автомобил е остварена ако во 3 (три) од деветте полињата се откријат симболи на автомобил.
Ова е прв член на семејството на инстант лозови што нуди SUV класа на автомобил. Инстантот е подготвен врз основа на истражувањата на пазарот во контакт со играчите на игри на среќа кои за најпосакуван автомобил од класата на SUV го посочија токму Kia Sportage, што се совпаѓа со прогласувањето за ‘лидер во квалитет’ за 2016година.
Играчите на инстант лозот ‘Авантура’ за 60 денари  имаат можност да добијат автомобил Kia Sportage, со сите платени давачки.
Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во ‘Авантура’ и изгребете Kia Sportage! 
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДОБРО !Неодамна во Прилеп беа изгребани и доделени две премии од лозот Авантура, а од 1ви август претпразнично во Битола се вози и вториот битол

Пронајдете не на следниве мрежи: