Седумчленото семејство Kочоски, кое долги години живееше во мизерни услови селејќи се од една во друга трошна куќарка под кирија, доби социјален стан од Владата на Македонија. Тешкиот живот конечно ќе им стане поблаг, како што алудира и името на главата на семејството – Благе Kочоски, пренесува Дневник.Аплицирале многу пати претходно за добивање социјален стан, но досега ништо. Потоа, приказната за ова семејство со пет мали деца почна да кружи во медиумите, додека Kочоски го туркаа животот во супстандардни услови, поради нерешеното станбено прашање. Во моментов се во Пинтија, а претходно се селеле дури 19 пати. Дваесеттата селидба ќе им биде и последна – во нов стан. Нивен. Месецот го туркаат со 8.000 денари. Таткото, 42-годишниот Благе вчера изјави дека се во исчекување на преселбата.
– Решението за додела на нов стан е потпишано, ги чекаме клучевите. Беа празници, па затоа работата се одолжи, но можам да кажам дека е готова – објасни тој. Ни рече дека е пресреќен и не може да верува дека после сите маки, конечно ќе имаат свој дом.
– Kога ќе влеземе внатре, ќе плачеме од среќа. Се изнамачивме. Станот е во населбата Kарпош и има површина од 52 квадратни метра – објасни Kочоски во телефонскиот разговор.
Тој и неговата сопруга, 34-годишната Даниела и петте деца на месечна база имаат приход од 8.360 денари месечно како помош за трето дете, а други примања немаат. Од оваа сума одвојуваат по 2.000 денари за кирија. Социјална помош не им следува поради додатокот за трето дете. Таткото Благе нема постојана работа, а и не му се посреќува. Има 25 години работен стаж како пекар, но менувал многу работни места поради тоа што газдите не плаќале навреме, а тој не можел да чека плата со месеци поради гладните деца дома. Сега работи како наемен работник, по потреба, ако најде или ако го повикаат некаде за каква било работа. Но, задоволен е затоа што така веднаш добива пари на рака.
– Не ме плаќаа, ниту бев осигурен и не ми течеше стаж. Затоа, вака ми е посигурно. Знам дека навечер колку толку ќе им донесам леб на дечињата. Kога ќе се соберат сите дома и со сопругата ќе ги завршиме сите обврски околу нив, одам да барам работа по пекари или прашувам дали некому му треба некаква помош – е дел од прикаската која ја раскажа таткото.
Последен пат мораа да се селат лани во јуни. Живееја во Драчево во трошна куќарка, но сопственикот решил да го продава имотот и Kочоски останаа неколку дена на улица, под ведро небо. Според таткото, луѓето тешко се одлучуваат да ги примат некаде како потстанари, поради тоа што имаат пет деца, а се сиромашни, па сопствениците се плашат дека нема редовно да плаќаат кирија.
Откако медиумите лани летото известија за нивната голгота дека се нашле под ведро небо, се јавија луѓе со желба да ги примат и тие се преселија во трошна куќа во Пинтија.
Од пред една и пол година, на Kочоски им помага и фондацијата „Уметност на живеењето“, од каде што годишно се грижат за уште 10 до 20 социјално-загрозени лица и семејства. Тие организираат донаторски акции за собирање облека, храна, покуќнина, која потоа ја распределуваат на луѓето.
– Ќе продолжиме да им помагаме на Kочоски ако имаат потреба. Ако изразат желба, ние веднаш ќе организираме акција за нив. Ние немаме наши средства, ги обезбедуваме од луѓе што сакаат да помагаат. Воедно, ќе продолжиме да ги посетуваме на почеток на училишната година, за Нова година, ќе им понудиме јога за децата, а имаме намера да влијаеме и едукативно врз семејството – изјавија од „Уметност на живеењето“.
Извор: ДневникАплицирале многу пати претходно за добивање социјален стан, но досега ништо. Потоа, приказната за ова семејство со пет мали деца почна да кружи во