СЕМЕЈСТВОТО НА ИВАНА ВО НЕВЕРУВАЊЕ: Нашата ќерка не е мртва. Се огласи и убиецот кој ги шокираше сите со своите зборови

Стравичната вест за смртта на нивната ќерка, на семејството Подрашчиќ во четвртокот им ја соопшти полицијата. После сознанието дека нејзината ќерка е мртва, мајката Неда се онесвестила. Една од роднините кое цело време била покрај неутешната мајка во очај кажува дека Нада ја дотолчило сознанието дека манијакот се изживувал над нејзината ќерка.Нада Подрашчиќ со полни очи солзи, во очај, одмавнала со раката и им рекла на полицајците:
– Немојте ништо да ме прашувате! Каква трагедија не снајде! Сирото мое дете!
Братот на Ивана Среќко за трагедијата дознал додека бил на пракса во училиште. Нејзината сестра, Николина, црниот глас ја затекнал на часовите. Братот со неколку другари дотрчал до дома, да ги праша родителите дали е вистина тоа што се зборува.
– Не сакам и нема да верувам дека мојата сестра не е жива – едвај изустил со треперлив глас шеснаесет годишниот Среќко – Се е тоа лага, сите лажат!
И таткото на Ивана кој страшната вест ја слушнал на работа, не сакал да ја прифати вистината:
– Не е тоа моја Ивана, тоа е некоја друга – викал Драго – Не е моето дете, мојата убавица, никако! Знам, сигурен сум во тоа!
Соседите исто така се во шок. Велат дека ги разбираат братот и таткото на Ивана кои не сакаат да ја прифатат вистината.
-Драго особено беше поврзан со Ивана. Беше најмлада од трите деца, негова миленичка. Откако исчезна сите во семејството веруваа дека е жива и дека е добро. А еве како ќе се врати, во ковчег – раскажува соседот Ѓуро Томиќ.
Тој додава дека нема зборови со кои може дa ја опише тагата за трагедијата која се случи.

– Ивана беше само дете! Па зарем е можно некој така да се изживува и сурово да ја убие? Ја знам како убаво воспитано девојче, како што се всушност и нејзината една година постара сестра Николина и брат и Среќко. Тешко живееја, беа сиромашни, но пред се се чесни луѓе, во неверување раскажува Томиќ.
Монструмот Дарко Костиќ, кој ја силуваше и уби Ивана, го призна гнасниот злочин пред инспекторите:
– „Ја убив Ивана! Признавам! Ја силував а таа се противеше и викаше. Плачеше и бараше помош. Тоа страшно ме изнервира, па почнав да и удирам шамари и да ја давам, но не престануваше… Затоа ја земав мотиката и ја убив. Потоа ја замотав во ќебе па во сунѓер, па го закопав телото во дворот! Немаше шанси да се одбрани“- до детали раскажа монструмот.
Погледнете ја куќата на ужасот: Местото каде монструмот ја силувал Ивана Нада Подрашчиќ со полни очи солзи, во очај, одмавнала со раката и им рекла на полицајците:
– Немојте ништо да ме прашувате! Каква трагедија

Пронајдете не на следниве мрежи: