За некои луѓе ѓумбирот сепак не е семоќен лек, туку носи и одреден здравствен ризик.Ѓумбирот често се нарекува и „универзален лек“, и се вели дека делува превентивно на многу здравствени тегоби вклучувајќи ги најтешките заболувања. Тој уште од далечните времиња се користи во медицински цели пред се поради своите антисептички својства.
Меѓутоа, овој лековит корен не е еднакво погоден за сите. Некои групи на луѓе, сепак би требало да го избегнуваат.
Бремените жени
Ѓумбирот содржи моќни стимуланси кои можат да предизвикаат предвремени контракции. Бремените жени треба особено да го избегнуваат во последните недели од бременоста.
Луѓето кои пијат лекови за притисок и дијабетес
Доколку пиете лекови за регулирање на притисокот или дијабетес, припаѓате во посебно ризична група кога ѓумбирот е во прашање, бидејќи оваа билка може да влијае на тоа како лековите делуваат на вашиот организам, пишува healthyfoodhouse.com. Посебно е ризично да се комбинира ѓумбир со антикоагуланси, бета-блокатори и лекови на база на инсулин.
Луѓе со нарушување во крвта
Ѓумбирот ја забрзува циркулацијата, што генерално е добра работа, но не за оние кои имаат нарушување во крвта како што е хемофилија. Во таков случај оваа билка може да ги влоши работите.
Ги губите килограмите но „салцето“ на стомакот останува? Пробајте го овој МИКС
Личности кои сакаат да се здебелат
Ѓумбирот е идеална намирница за луѓето кои сакаат да ослабат, затоа што тоа го убива апетитот и помага во отстранување на мастите. Од друга страна, оние кои се обидуваат да ја зголемат тежината треба да го избегнуваат ѓумбирот и сите суплементи на база на овој корен.Ѓумбирот често се нарекува и „универзален лек“, и се вели дека делува превентивно на многу здравствени тегоби вклучувајќи ги најтешките



