Шепотете му на партнерот

Ако мислевте дека мажите не ги ценат комплиментите сте се излажале. Еве што тие сакаат да чујат од своите партнерки:
Многу си згоден
Една рбота е да му кажете на партнерот дека добро изгледа, но сосема друго е ако му кажете дека токму тоа го прави посебен. Со тоа ќе добиете повеќе бодови кај него. Понекогаш морате да му го подигнете егото.
Моите пријателки те обожаваат
Мажите се свесни за тоа колку се важни мислењата на другарките за вас. Кога ќе му кажете дека вашите пријателки го обожаваат, тој ќе знае дека најдолемите можни опасности во врската веќе ги нема.
Со тебе се чувствувам сигурно и заштитено
Секој маж сака жената покрај него да се чувствува заштитена, па ако вие самите тоа му го кажете би го направиле посреќен.
Роден си за таа работа
Ако сте свесни за работните способности на вашиот партнер, слободно изговорете го тоа на глас. Би се почувствувал горд на вашите зборови..
Твоите пријатели се супер
Не морате да се сложувате со неговите пријатели, но ако гледате дека за него се добри, почитувајте ги. Тој со тоа ќе сфати дека го почитувате него и неговите избори.
Обожавам кога времето го поминуваме заедно
Ова треба повремено да му го кажувате. Со тоа ќе му докажете дека не го цените само поради парите или статусот кој го поседува, туку дека ви се допаѓа како човек.
Татко ми вели дека сум го направила вистинскиот избор
На посилниот пол им е многу важно добро да изгледаат во очите на тоткото на својата девојка. Па ако му го нагласите тоа ќе биде пресреќен.Ако мислевте дека мажите не ги ценат комплиментите сте се излажале. Еве што тие сакаат да чујат од своите партнерки:

Пронајдете не на следниве мрежи: