СЕРГЕЈ ЛАВРОВ: Лицемерие на МЕЃУНАРОДНАТА заедница

Нападите на бандитите врз амбасадата и генералниот конзулат се нечуени, а реакција на меѓународната заедница не видовме, рече Лавров во интервју за „РЕН ТВ“ и додаде дека на дело е  нивното „лицемерие и дволичност“, пренесува „Взгљад“.
 Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров смета дека нападите на насилниците врз амбасадата и генералниот конзулат на Русија во Украина претставуваат невидено безобразие, а меѓународната заедница би морала да реагира на такви работи.
Нападите на бандитите врз амбасадата и генералниот конзулат се нечуени, а реакција на меѓународната заедница не видовме, рече Лавров во интервју за „РЕН ТВ“ и додаде дека на дело е  нивното „лицемерие и дволичност“, пренесува „Взгљад“.
Министерот за надворешни работи  Русија исто така додаде дека ќе го постави прашањето за нападот врз руската амбасада во Киев во телефонскиот разговор што ќе го има со државниот секретар на САД Џон Кери.
„Несомнено најважно е таквите активности да бидат прекинати од кураторите на украинската власт. Кураторите имаат решавачко влијание врз актуелното раководство во Киев. Денеска ќе разговарам на таа тема уште еднаш со државниот секретар на САД. Соодветни сигнали се испратени, секако, и до европските престолнини“, рече Лавров.   
повеќе на следниот ЛИНК  Руска Реч на Македонски Јазик Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров смета дека нападите на насилниците врз амбасадата и генералниот конзулат на Русија во Украина претставув

Пронајдете не на следниве мрежи: