Сергеј Лавров: Нападот врз руски граѓани, каде и да се наоѓаат, ќе го сметаме како напад на Русија!

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска за првпат отворено изјави дека Москва ќе го разгледува нападот врз руските граѓани како напад на Русија.Ниедно досегашно интервју на Лавров во врска со настаните во Украина, не беше дадено со толку остар и одлучен тон. Шефот на руската дипломатија во суштина подвлече црвена линија зад која Кремљ нема да му дозволи на неонацистичкиот Киев да ја премине.
„Америка се занимава со префрлување на  вината на туѓ грб, обвинувајќи ја Русија за настаните во Украина. Русија нема да трпи наштетување на своите интереси, ниту напади врз своите граѓани“, рече Лавров.
Тој рече дека, доколку дојде до напад, Русија соодветно ќе реагира на тоа. И ако бидат загрозени руските законски интереси, каков што беше случајот со Јужна Осетија, тој не гледа друг избор, туку да се одговори во склад со сите норми на меѓународното право.
Сергеј Лавров не криеше дека трпението на Москва е при крај уште од одамна, кога конечно стана јасно дека со киевскиот протекторат и со киевската хунта директно раководи Вашингтон. Според него, тоа јасно беше покажано со посетата на потпретседателот на САД, Џо Бајден во Киев. Белата Куќа сосема отворено преминала на „рачно управување“ со своите киевски намесници.
Лавров ги отфрли и обвиненијата на сметка на Русија за божемската замешаност на Русија во немирите на истокот на Украина. Тој исто така додаде дека се чуди што државниот секретар на САД, Џон Кери, во нивниот разговор го признал радикализмот и екстремизмот на киевските власти. Но, во јавноста го зборува спортивното.
Украина е само една од алатките со кои американската страна сака да победи во геополитичката битка. И би било добро кога САД би научиле да мислат не само за своите геополитички интереси, туку и за правата на обичните луѓе – завршува Лавров.Ниедно досегашно интервју на Лавров во врска со настаните во Украина, не беше дадено со толку остар и одлучен тон. Шефот на руската дипломатија во

Пронајдете не на следниве мрежи: