Наместо на настапи, Марија Шерифовиќ, деновите ќе ги помине во кревет, поради повредата на вратот, која ја заработила во Дизелдорф.Таа поради повредата, била приморана да го откаже концертот во Подгорица.
Мајрија објаснила, што точно се случило вечерта кога се повредила.
„По настапот во Дизелдорф, на кој имаше луда забава, се сопнав и паднав. Но, како што се случува во такви ситации, се обидов да го ублажам падот, но паднав уште понезгодно, и го повредив вратот. Беше многу болно, но сега ми е подобро.“
Пејачката сега работи на тоа да ја санира повредата и да помине со што помалку последици.
„Во наредните неколку дена имам многу терапија, се надевам дека брзо ќе помине. Се надевам дека наскоро ќе им се вратам на настапите“, објаснува Марија.
Таа решила дека секако ќе настапи во Подгорица, штом закрепне и најде слободен термин.Таа поради повредата, била приморана да го откаже концертот во Подгорица.
Мајрија објаснила, што точно се случило вечерта кога се повредила