-Применив повеќе видови на алтернативно лекување. Не користев масло од канабис, иако бев склон дa го пробам и тоа. Но, по советот на мојот доктор Милован Бојиќ, не го сторив тоа. Не сум против тоа решение, дури и јавно се заложував тоа да се дозволи како метода за лекување – изјавил лидерот на СРС и открил како се лекувал.Лидерот на Српската радикална странка, Војислав Шешељ, во интервјуто за „Личен став“ кој се емитува на Јутјуб, објаснил како го победил ракот и на сите им го открил рецептот за „магичната напивка“ која, како што тврди тој, го препородила.
-За малку ќе умрев поради срцеви проблеми и сега имам вграден дефибрилатор со пејсмејкер. Сега срцето ми е санирано. Ќе ви дадам целосна информација. Имав рак на дебелото црево кој е опериран. Настапија метастази, пробиен ми беше ѕидот на цревата и тргнаа да се прошируваат метастазите на црниот дроб. Ми извадија 20 лимфни јазли. Од нив, 4 или 5 не беа зафатени со метастази. Што се однесува на црниот дроб, одбив да примам хемотерапија во Хаг. Ја примив еднаш и наместо да ме пуштат на сонце да се дружам со останатите, во Хаг ме затворија во некој бункер и ме држеа изолиран цела недела. Поради тоа одбив да одам на нови хемотерапии – открива Шешељ.
Лидерот на радикалите откри кои видови на алтернативни лекувања ги има применето:
-Применив повеќе видови на алтернативни лекувања. На пример, секое утро сѐ уште земам 3-4 голтки сок од сибирска аронија. Секое утро пијам и 2 дл сок од цвекло, морков, магдонос, целер и јаболко. Тогаш земав и сушени семиња од кајсија, па земав и витамин Б17. Тоа е цијанид во количества недоволни да убијат човек, а тој многу полесно ги убива болните клетки зафатени со карцином во организмот. Тој витамин го земам околу 100 дена, па правам пауза и повторно го правам истото.Лидерот на Српската радикална странка, Војислав Шешељ, во интервјуто за „Личен став“ кој се емитува на Јутјуб, објаснил како го победил

Шешељ ОТКРИ како го излекувал ракот на дебелото црево и црниот дроб. Еве го рецептот!
‹‹ Претходна вест
Loading...
loading...