Шешељ: Српската напредна партија спроведува разорна и предавничка политика

Воислав Шешељ, кој е обвинет за воени злосторства во хрватски БиХ, во саботата изјави дека доброволно нема да се врати во Хаг, поради тоа што сака „на маки да го стави режимот во земјата“, пренесоа српските медиуми.„Нема да си одам доброволно, поради тоа што сакам нив да ги ставам на маки. Нема да бегам ниту да се кријам, па нека ме носат на аеродром“, истакнал Шешељ, чие враќање од привремената слобода го побара Хашкиот трибунал.
„Тие очекуваа дека ќе умрам. Нема да умрам сé додека не ја ослободам Србија“, изјавил лидерот на српските радикали, наведувајќи дека на режимот на Српската напредна партија му дошол крајот.
Според него, режимот на Српската напредна партија продолжува да спроведува разорна и предавничка политика, исполнувајќи ги сите барања од Западот, како што се предавството на Косово и политиката кон Русија.
„Уверени сме дека ќе успееме да го собориме режимот, пред тој да ја уништи Србија. Тие ветија дека српскиот народ ќе живее подобро, а првото нешто што го направија по изборите беше намалувањето на платите и пензиите“, додал Шешељ. Исто така, тој рече дека неговата партија нуди откажување од евроинтеграциите за сметка на интеграција со Русија.„Нема да си одам доброволно, поради тоа што сакам нив да ги ставам на маки. Нема да бегам ниту да се кријам, па нека ме носат на аеродром&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: