Шеснаесет новинари уапсени во Фергусон, полицијата ги обвини за поттикнување на насилство

Според последните податоци објавени на Фондацијата за слобода на медиумите, до сега во Фергусон, американската држава Мисури уапсени се 16 новинари.Според интернет страницата, полицијата во Фергусон од првиот случај на 13 август, кога како велат, навредувале и уапсиле двајца новинари кои „не успеале доволно брзо да напуштат ресторан“, полициските акции против новинарите во Фергусон ескалирале. Многу од нив искусиле солзавец или гумен куршум, а не сопираат ниту апсењата на новинари.
Додека фондацијата исто како и Фридам Хаус се повикува на кршење на Првиот амандман и спречување на новинарите од законско исполнување на работата на улиците на Фергусон, првиот (новопоставен) човек во полицијата, Рон Џонсон, вели дека токму медиумите одиграле важна улога во создавање на насилството на улиците во градот.
За националната телевизија МСНБЦ, Џонсон посочи дека новинарите ги пренесувале агитаторите за насилствата, „давајќи им платформа и глорифицијрајќи ја нивната активност“, додава Џонсон.
-Имаме многу медиуми кои не работеа добро. Народот одеше во мали групи, и беше само протестна прошетка. И тогаш кога кога се почна со насилството, со кривичен елемент, оние со маските на глава кои сакаа да агитираат за насилство, добиваат публика преку медиумите.

Едноставно ќе застанеа пред камера, а новинарите во рој ги пренесуваа глорифицирајќи јанивната активност- додава Џонсон.
Со тоа, тврди, сè повеќе насилство се создаваше.
-Пред тоа, толпата броеше стотина. Потоа 200, па 300 насилници. И тие криминалци почнаа со фрлање на работи вон толпата која беше насобрана околу медиумите- додаде првиот човек на полицијата, посочувајќи дека сепак не се сите медиуми во тој кош, благодарен на оние кои ги нарекува партнери во работата.
Всушност, и организациите за новинарски права и полицијата ги истакнуваат истите принципи- правото за известување, но и за владеење на правото.Според интернет страницата, полицијата во Фергусон од првиот случај на 13 август, кога како велат, навредувале и уапсиле двајца новинари кои &

Пронајдете не на следниве мрежи: