Шест деца исчезнаа во лавина во Сибир

Шест момченца исчезнале во лавина во зафрлените планините во руската република Тува на истокот во Сибир, објави во неделата локалното министерство за вонредни ситуации.

 
Едно од децата ја преживеало несреќата кај селото Мунгур-Акси, во близина на границата со Монголија, околу пет илјади километри источно од руската престолнина Москва.
Момчињата на возраст меѓу 14 и 18 години се качувале на планината Ак-Баштиг таму да остават знаменца, што според локалното народно верување носи среќа, изјави рускиот правобранител за правата на децата Павел Астаков.
По исчезнатите деца трагаат десетици спасители и хеликоптер, соопшти руското министерство за вонредни ситуации.
Макфакс
Шест момченца исчезнале во лавина во зафрлените планините во руската република Тува на истокот

Пронајдете не на следниве мрежи: