Шест европски филмови 1-дел

Loading...

За љубителите на филмот кои двочасовното искуство го доживуваат како блиско поврзување на повеќе нивоа и седмата уметност ја сфаќаат со сета своја комплексност и слоевитост, одлучивме да ви претставиме шест Европски филмови кои вреди да се погледаат.

1.      Slovenian girl (Slovenka) (2009)
земја на потекло: Словенија
Кога желбата на една студентка од внатрешноста на Словенија да има нормален и удобен живот е преамбициозна во однос на реалните околности и услови… Една од најстарите професии во светот и нејзините последици низ очите на „Словенка “…
 

2. Lilya 4-Ever (2002)
земја на потекло: Естонија
16 годишна тинејџерка заробена во семејство каде мајката е само именка, а таткото нема идентитет, се соочува со избори кои се преголеми за нејзината кревкост. Сосема напуштена, го следи својот инстинкт кој е премногу детски и наивен за да не донесе фатални последици…
 

3.   Lila Says… (2004)
земја на потекло: Франција
Желбата за флерт и да се биде посакувана кај многу девојки се раѓа прилично рано. Лила не ја разграничува реалноста, вистинската љубов и играта со мажите и нивната фантазија… Со тоа ризикува да изгуби се’…
 
 
4. Water Lilies (2007)
земја на потекло: Франција
Што се’ минува низ мислите на 15 годишните девојчиња? До која граница е дозволено да оди смелоста за да се биде другарка на најпопуларното девојче? Да се раскине едно пријателство, да се повреди, но и да се научи нешто ново за себе. Мари по секоја цена одлучува да зачекори по тој пат.
 
 

5.      Show me love (1998)
земја на потекло: Шведска
Патиштата на Елин и Агнес се вкрстуваат во нивното училиште. Малиот град и ограниченоста на местата за забава ја гушат бунтовната Елин, додека срамежливата и повлечена Агнес чувствува неизмерна привлечност кон неа. Дали и како разликите се привлекуваат…?
 
 

 
6.   4 Months, 3 Weeks and 2 Days (2007)
земја на потекло: Романија
Комунистичка Романија под брутално строгиот режим на Чаушеску, 1987 година. За абортус следува смртна казна. Што ќе стори инертната студентка Габриела со својата несакана бременост, и колку таа бременост ќе влијае на нејзината другарка Отилиа? Бизарна приказна за барање излез во безизлезни околности без разлика на ризикот…
автор: ЈелЗа љубителите на филмот кои двочасовното искуство го доживуваат како блиско поврзување на повеќе нивоа и седмата уметн

loading...