Со надеж дека ви се допадна изборот во првиот дел, ви прикажуваме втор дел одбрани Европски филмови кои вреди да се погледаат.
1.Sex and Lucia (2001)
земја на потекло: Шпанија
Можно ли е светот за кој пишува еден автор да се преточи во негова реалност? Или пак, реалноста добива димензии на измислен и фиктивен свет? Како што се отплеткува приказната, Лоренцо го губи контактот со вистината, додека Луција добива подарок кој никогаш нема да и’ дозволи да го заборави минатото…
2. The Edukators (2004)
земја на потекло: Германија
Едукаторите на свој уникатен начин се борат против неправедната финансиска нееднаквост во Берлин. Влегуваат во куќите на богаташите и без да крадат или уништат влеваат страв кај жителите. Кога Јуле неправедно мора да плати казна за сообраќајка во која учествувала, останува на улица. Заедно со Едукаторите го посетуваат домот на човекот кој ја тужи. Но, приказната се’ повеќе се заплеткува…
3. It's a Free World… (2007)
земја на потекло: Велика Британија
Откако Енџи ќе одбие да биде третирана нееднаково во однос на нејзините машки колеги, добива отказ од агенцијата за вработување каде што работи. Самоуверена, познавајќи ги и најмалите детали во бизнисот, отвара своја агенција со цимерката. Имигранти, лажни документи, притисок, закани… „слободниот свет“ е место на една бесконечна борба за опстанок…
4. The Dreamers (2003)
земја на потекло: Франција, Италија, В. Британија
Музика, филм, хедонизам… Близнаците Изабел и Тео, го „присвојуваат“ Американскиот студент Метју во својата мала контроверзна, еротски наелектризирана и изолирана заедница, додека улиците на Париз се во хаос од студентските немири проллетта 1968. Можеби уживањето сепак има рок на траење…
5. Happy-Go-Lucky (2008)
земја на потекло: Велика Британија
Попи не е обична наставничка . Таа секогаш е позитивна, насмеана, шарена. Сериозните и сложените ситуации за неа се предизвик. Секогаш настапува искрено и отворено. Но зошто широката насмевка и “розевите очила“ и’ создаваат проблеми и недоразбирања?
6. Don't Worry, I'm Fine (2006)
земја на потекло: Франција
Откако ќе се врати од одмор во Шпанија, 19 годишната Лили дознава дека нејзиниот брат близнак Лук заминал од дома и никој не знае каде е. Агонијата која ја предизвикува немоќта да го пронајде, неодговорените прашања и индиферентноста на родителите ја доведуваат до работ помеѓу животот и смртта.
Автор: ЈелСо надеж дека ви се допадна изборот во првиот дел, ви прикажуваме втор дел одбрани Европски филмови кои вреди да се по