Шест фрази кои социопатите и нарцисоидните луѓе ги користат за да ве излудат

Во еден момент од животот, сите имаме налетано на социопати – луѓе коишто изгледаат невино, но едноставно сакаат да манипулираат со вас од корист.Понекогаш, тоа се членови од семејството, пријатели или колеги од работа… навистина можат да се најдат во сите сфери од животот.
Ова се шесте работи со кои социопатите се обидуваат нѐ контролираат:
1. „Ти  _______“
Пополнете го празното место. „имаш проблем со мене“, „љубомориш“, „си плачко/а“. Што и да е. Социопатите често ги гледаат луѓето одозгора и ги нарекуваат со секакви погрдни зборови за да ја минираат нивната вредност и да ги направат да се чувствуваат несигурно. Со тоа што ќе им дозволите да направат да се чувствувате лошо, вие само го оправдувате нивното нездраво однесување.
2. „Не ме разбра убаво“
Социопатите често предизвикуваат бумеранг ефект. Тоа е ситуација кога намерно ќе предизвикаат негативна реакција кај некоја личност и потоа ја обвинуваат за таквата испровоцирана постапка, велејќи дека не разбрале убаво што сакале да кажат.
3. „Многу си чувствителен/а“
Кога социопатите се обидуваат да ве испровоцираат и да ве налутат, ќе се бранат со тврдењето дека сте премногу чувствителни. Дека треба да „зацврснете“. Секако, ова е начин за да се исклучат од секакво чувство на вина и да ве држат под контрола.
4. „Многу драмиш“
Кога социопат ве обвинува дека драмите, вие се обидувате да ги потиснете чувствата и да ги контролирате реакциите на нивните провокации. Тие само се обидуваат да ве растргнат и да ви предизвикаат дилеми.
5. „Премногу навлегуваш во темата“
Социопатите често ќе направат да се чувствувате параноично и ќе ве провоцираат на секој можен начин. Ќе направат сѐ за да ги испитувате нивните мотиви, само заради нивната желба да си поиграат со вашата интуиција и да ве излудат. Не дозволувајте да станете дел од нивните болни игри.
6. „Каде ќе стигнеш без мене“
Кога ќе почнете да ја разоткривате маската на социопатите, основната форма на нивната манипулација почнува да се распаѓа. Тие не сакаат да имаат здрав однос со вас. Сѐ што сакаат е да ве контролираат со тоа што ќе ви набиваат чувство на вина и ќе ве излудуваат. Не дозволувајте им да се извлечат со тоа. Можете и без нив да преживеете.Понекогаш, тоа се членови од семејството, пријатели или колеги од работа… навистина можат да се најдат во сите сфери од животот.
Ова се ш

Пронајдете не на следниве мрежи: