Шест начини како да заштедите после празниците!

Божиќните подароци и празничните забави ќе ви го испразнат паричникот па после нема да знаете како да преживеете до следната плата. Експертите велат дека јануари е најдепресивен месец во годината бидејќи луѓето се “будат“ од празничната еуфорија и сфаќаат колку пари потрошиле. Нормално, со сето тоа работата уште полоша ја прават и килограмите кои сте ги зголемиле за време на месец декември, па на многумина и самодовербата ќе им биде на ниско ниво. Немојте да дозволите тоа и вам да ви се случи, со овие наши неколку совети протуркајте преку јануари со насмевка на лицето…
1.Намалете ги дружбите на кафе и вечерните излегувања
Најчесто најмногу пари трошиме токму на ситниците, а тука се вбројуваат кафе со пријателите, пијачки во ноќните клубови, цигари и слично. Овој месец намалете ги излегувањата, частењето во слаткарници и слично. Со пријателите може да заминете на прошетка или да организирате дружење дома. А уште подобро би било кога би поминале малку време со самите себе, правејќи работи кои ве прават среќни и ве исполнуваат со енергија.
2.Прескокнете ги попустите
Верувале или не – може да се живее и без попустите и купот алишта кои и онака ќе ги облечете само неколку пати. Ако нешто навистина ви треба купете го, но што повеќе избегнувајте ги бутиците со натписи SALE на излозите.
3.Сами подготвувајте си ги оброците
Со оглед на тоа дека повеќе време ќе поминувате дома, издвојте време за комбинирање и подготовка на вашите оброци кои можете да ги носите на работа или на факултет.Нема да ви заблагодари само вашата фигура, туку и вашиот паричник.

4.Намалете ги разговорите на мобилен
Ако имате опсесивна потреба постојано да разговарате или да испраќате пораки од мобилен, запрете се! Поканете ги пријателите на прошетка или важните новости пренесете им ги на Facebook и запамти – никој и онака не сака да слуша што сте правеле секоја секунда во денот.
5.Симните од Интернет видео со вежби
Најчесто сите се зачленуваат во теретана во јануари за да почнат со своите новогодишни одлуки, но ретки се оние кои во неа навистина редовно одат. Наместо плаќањето членарина, на Интернет најдете некои супер вежби како оние на Трејси Андерсон и вежбајте дома бесплатно. Голема е веројатноста дека во удобноста на вашиот дом ќе вежбате почесто.
6.Оставете ја картичката дома
Кога имате картичка се чувствувате посигурно во продавница, па во корпата ставате се’ што ви е на дофат. Во јануари оставете ја картичката дома и плаќајте само во кеш. Најмногу пари ќе заштедите така.Нормално, со сето тоа работата уште полоша ја прават и килограмите кои сте ги зголемиле за време на месец декември, па на многумина и самодовербата

Пронајдете не на следниве мрежи: