Шест намирници со кои ќе имате убав и квалитетен сон

Пред да посегнете по таблетите за спиење, погледнете во кујната и проверете каква храна јадете.Недостатокот на сон може да предизвика бројни здравствени проблеми, а тука спаѓаат депресијата и срцевите заболувања.
Но, затоа постојат овие намирници, богати со состојки кои поволно влијаат на сонот и поради кои ќе се разбудите свежи и подготвени за новиот ден:
1. Риба

Повеќето видови риба го содржат витаминот Б6, кој влијае на производството на хормонот мелатонин, кој го контролира циклусот на спиење и будење. Луѓето кои редовно консумираат риба се помалку поспани наутро и полесно се будат.
2. Млечни производи

Сигурно кога бевте мали вашите мајки и баби ви подготвуваа чаша топло млеко пред да спиете. Млечните производи како јогуртот, млекото и сирењето се богати со калциум, кој го поттикнува развојот на мелатонинот. Запомнете, недостатокот од калциум го попречува спиењето.
3. Цреши

Црешите се исто така извор на хормонот мелатонин, кој го регулира внатрешниот внатрешен часовник. Ако имате тешкотии при заспивање и будење, започнете со почесто пиење на сок од цреши секое утро.

4. Банани

Ова овошје е познато по големото количество на калиум и е богато со магнезиум, а овие два минерали помагаат во опуштање на напнатите мускули. Недостатокот од магнезиум е поврзан со синдромот немирна нога, кој негативно влијае на сонот.
5. Ореви, бадеми, лешници

Овие плодови се богати со магнезиум и на телото му осигуруваат доволно количество калциум. Оревите, бадемите и лешниците го одржуваат нивото на шеќер во крвта, што е исто така важно за добриот сон.
6. Чај

Најдобриот пијалак кој треба да се пие непосредно пред заспивањето е чајот од камилица или пеперминт. Природните билни чаеви не содржат кофеин, а некои од состојките кои ги содржат го подобруваат сонот. Камилицата се користи при лекување на несоница, додека пеперминтот успешно го намалува стресот. Недостатокот на сон може да предизвика бројни здравствени проблеми, а тука спаѓаат депресијата и срцевите заболувања.
Но, затоа постојат ов

Пронајдете не на следниве мрежи: