Не е лесно да се пронајде вистинската љубов, а посебно е тешко кога се измешани чувствата. Длабоко во себе, секој од нас има глас кој ни вели што е добро, а што не е.Дали некогаш сте се запрашале дали партнерот со кој што се гледате во моментот е вистинскиот за вас?
Овие шест примери покажуваат дали мажот е за вас или само ја труе вашата врска и животот.
1. Заштитнички настроен или посесивен
Природно е да ја заштитите саканата личност. Ако ве држи на око и ве гушка додека сте во клуб, тоа е во ред. Но, ако не ви дозволува да се оддалечите од него или почнува да се кара со други мажи коишто се наоѓаат во ваша близина, тогаш е посесивен.
2. Сака иднина со вас или не сака
Ако вашиот партнер отворено вели дека не сака да се ожени или има деца и притоа ниту вие не би можеле да му го смените мислењето, тогаш ова е знак дека не е вистинскиот за вас. Меѓутоа, ако го смени мислењето, тогаш е создаден за вас.
3. Искрен или суров
Мажот кој ја сака жената ќе ѝ рече сѐ што треба да знае. На пример, ако го прашате како ви стојат новите фармерки и тој вели да ги смените, тоа не значи дека е лош. Тој е само искрен. Но, ако ви вели да ослабнете и ако ги навредува нештата кои ги сакате или вашиот стил, тогаш го прави тоа затоа што не ве почитува и знае дека ќе помине со тоа, но не значи дека мора да го трпите.
4. Оној кој ве охрабрува или оној кој ве контролира
Човекот кој ја сака жената, ќе ја охрабри да следи нови можности и искуства. Вистинскиот човек е подготвен да ја запознае саканата со многу нови нешта и најбитно е никогаш да не ја присилува на нешто ако не ѝ одговара. Доколку ви забранува нешто или се обидува да го контролира секој ваш чекор, бегајте од него.
5. Мрзелив или вреден
Ако партнерот очекува од вас или од другите дека веќе сѐ е наместено за него бидејќи така навикнал кај неговите родители или поранешните девојки и притоа не знае да се грижи за себе, тогаш тој не е за вас. Но, ако знае како да се грижи за себе, готви или чисти по себе, тогаш е вистински маж.
6. Нежен или наметлив
Дали сакате маж кој постојано ќе ви се јавува и праќа пораки? Некои жени мислат дека ова звучи одлично, но треба малку да се размисли. Ако постојано проверува што правите и какво му е местото во вашиот живот, покажува дека повеќе се грижи за себе отколку за вас. Мажот кој ве сака, тоа ќе го покаже емотивно и физички. Наметливиот маж има емотивни проблеми и сака да разговара со вас за да расчисти сопствени сомнежи, не за ваше добро.Дали некогаш сте се запрашале дали партнерот со кој што се гледате во моментот е вистинскиот за вас?
Овие шест примери покажуваат дали мажо