Бројни производи што се наоѓаат во нашиот дом содржат состојки кои можат да предизвикаат сериозни болести. Затоа е најдобро да ги фрлите или пак, да ги користите во помали количини. Скорешна студија покажала дека модерните домови сепак не се толку безбедни и дека кријат супстанци кои го загрозуваат здравјето.Ослободете се од овие канцерогени производи и обезбедете си на себе, но и на останатите членови од семејството, здраво окружување.
Освежувачи за простории
Експертите утврдиле дека освежувачите ја влошуваат астмата и влијаат врз репродуктивниот развој, но и дека се полни со токсични и опасни материи кои се канцерогени. Со употребата на освежувачите, концентрацијата на штетните материи е 100% поголема. Наместо тоа, најдобро е да користите етерични масла, бидејќи имаат ист ефект и не му наштетуваат на здравјето.
Свеќи
Студијата на Комисијата за безбедност на потрошувачите во Америка, покажала дека 40% од свеќите коишто може да се најдат во слободна продажба, содржат оловни жици во фитилот за палење. Обично, ваквите фитили може да се најдат на миризливите свеќи. Имено, миризливите масла го омекнуваат восокот, а производителите додаваат олово за да направат поцврт фитил. Изложеноста на поголеми количества олово посебно е штетно за децата, може да доведе до нарушување на хормоналниот баланс, проблеми во однесувањето, тешкотии при учење и други здравствени проблеми.
Бои и лакови
Боите и лаковите содржат испарувачки соединенија кои доведуваат до појава на рак, но и бројни други заболувања. Децата се посебно чувствителни на овие токсини, бидејќи нивниот имунолошки систем не е доволно развиен. Бидете внимателни при ракувањето со таквите производи и наместо нив користете бои врз база на билки. Исто така, користете лепак, бои и маркери кои се базираат на вода, а избегнувајте ги оние кои содржат ацетон, хексан, хептан или толуен.
Шампони
Можеби сте изненадени, но треба да знаете дека обичните шампони се преполни со отрови. Меѓутоа, влијанието на овие токсини сѐ уште се тестира, па научниците не се сигурни дали предизвикуваат рак или не. Како и да е, не треба да ризикувате, па е препорачливо наместо купечките шампони сами да направите природен шампон. На пример, излупете лимон и заедно со излупена краставица ставете ги во блендер.
Антиперспиранти
Обичните дезодоранси и антиперспиранти главно содржат состојки кои можат да предизвикаат рак. Овие производи се направени така што остануваат на нашето тело долго по нанесувањето, со што се зголемува апсорпцијата на хемикалии преку кожата. Избегнувајте опасни производи и користете природни алтернативи.
Завеси за туш
Пластичните завеси за када и туш кабина ослободуваат отровни хемикалии. Тие испуштаат опасни супстанци,т.е. испарувачки органски соединенија.
Намалете ја употребата на овие производи и вашиот дом сигурно ќе биде подобро место за живот.Ослободете се од овие канцерогени производи и обезбедете си на себе, но и на останатите членови од семејството, здраво окружување.


