Шест причини зошто да престанете со диети!

Сте се запрашале некогаш зошто е тешко да се остане на диета и да се изгуби некој килограм ? Постојат многу причини зошто не делуваат, а уште повеќе причини зошто да се откажете од нив.Ако веќе не го памтите бројот на диети кои сте ги пробале, време е да престанете со тоа и да почнете да го практикувате стариот и докажан начин за намалување телесна тежина – со тренинг во теретана и мали промени во храната.
МНОГУ ОД ДИЕТИТЕ  НЕ ДЕЛУВААТ
Проблемот со многуте диети е тоа што многу се специфични за да се прилагодат на нашиот секојдневен живот. Тие ви кажуваат што да јадете и кога, но не се земаат во предвид индивидуалните обврски, начин на живот и работите кои може да се обезбедат, а се потребни од диетата. Запомнете дека намалувањето на телесна тежина и фит форма е нешто што трае долго време, т.е тоа е начин на живот.
НЕКОИ ДИЕТИ СЕ ТОТАЛНО НЕЗДРАВИ
Не се сите диети нездрави, но има голем дел од нив кои забрануваат цела група на храна да се внесува, со цел да се намали телесната тежина. Научниците често прават забуни дали овие диети се здрави или не, но не треба да сте многу паметни за да сфатите дека се потребни протеини, јаглехидрати и масти во еден режим на исхрана за да слабеете здраво. Диетите кои се ниски со масти или калории не се здрави, и ако диетата е премногу рестриктивна, нема да ја следите.

ДИЕТИТЕ ГО ПРАЗНАТ ПОБРЗО ВАШИОТ ЏЕБ
Диетите за намалување тежина се голем бизнис. Запомнете, луѓето кои продаваат книги за слабеење имаат цел да ги земат вашите пари и да направат голема куќа во Беверли хилс. Мислите дека некој е загрижен за вашата среќа и здравје, освен вас ?  Не. Бидете скептични околу книгите и диетите секојдневно што ги среќавате.
ДИЕТИТЕ ЈА ТРОШАТ ВАШАТА ЕНЕРГИЈА
Причината зашто намалувате нагло телесна тежина за време на диета е поради големата рестрикција на калории. Иако мислите дека ова е добро, премал внес на калории доведува до изнемоштеност, недостаток на енергија, дури и успорување на процесот на намалување на телесна тежина. На вашето тело му е потребна енергија за намалување телесна тежина, и ако не добие доволно вашето тело ќе ја складира како масти. Јадете неколку помали оброци во текот на денот да бидете сити и полни со енергија.

ДИЕТИТЕ И ДАВААТ ЛОША РЕПУТАЦИЈА НА ХРАНАТА
Диетите најчесто ги забрануваат видовите на храна кои ви се омилени. Кога нешто ќе ви се забрани и знаете дека не смеете да го јадете, станувате опседнати дека неможе да ја јадете баш таа храна и вашата потреба е се поголема. Запомнете, нема лоша или добра храна и може да јадете тоа што сакате но ако е умерено и повремено. (За некои) Јадењето храна е едно од најомилените задоволства и може да уживате во неа без грижа на совест кога јадете умерено и повремено.
ДИЕТИ НЕ СЕ ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР ЗА СИТЕ
За некои индивидуи, диетите се одличен избор ако се прилагодува на нивната цел, буџет и начин на живот. Како и да е, вакви диети не се за секого. Ако имате проблем за да се задржите на диета, тоа не значи дека проблемот е со вас или сте “проколнати” да не успевате. Најдете други начини да ги трошите калориите. Фокусирајте се на една работа во одреден период, и потоа преоѓајте на друга, на тој начин полека но сигурно ќе се навикнете на нов и здрав начин на живот.Ако веќе не го памтите бројот на диети кои сте ги пробале, време е да престанете со тоа и да почнете да го практикувате стариот и докажан начин за

Пронајдете не на следниве мрежи: