Шест реченици кои се поважни од „Те сакам“!

„Те сакам“. Една од најпопуларните фрази во светот. Луѓето се подготвени да направат буквално Сè за да ги слушнат овие два збора. За тоа се пишувало во безброј книги, филмови, песни. Зошто ни е толку многу важно да слушнеме дека некој не сака? Можеби поради ветувањето дека ќе заземене некакво место во нечие срце или пак е до знаењето дека имаме ново, посебено значење во нечиј живот. Често ова е реченица која се изкажува непосредно пред врската да „отиде“ чекор напред, израз што значи дека некој е сакан со сите свои каприци, изглед, сакан е со сите добрите и лошите страни, сите пропусти и недостатоци. Луѓето уживаат во идејата дека се нечиво Сè. Сите ние сакаме да бидеме сакани.
Тогаш зошто е љубов толку комплицирана? Зошто луѓето кои велат дека се сакаат често завршуваат одделени? Зошто скоро сите љубовни песни обично се тажни? Зошто постојат скршени срца? Како некој кој е во еден момент е целиот ваш свет може одеднаш да стане некој странец, па дури и непријател? Дали е тоа поради тоа дека љубовта, на крајот ја снемува? Или пак е минливо чувство, а само некои луѓе имаат доволно среќа да ја доживеат цел живот?
Во љубовта треба да се верува. Мора да веруваме во силата и важноста на врската. Сепак, потребно е многу повеќе за долга врска. Од љубовта односно заљубеноста почнуваат многу романси, но ако врската се основа само на тоа, таа едноставно нема да трае.

 

Постојат шест реченици кои во врската се исто толку важни како и изразот „Те сакам“. Реченици што секој од нас треба да ги слушне од оние кои се блиску до нас. Реченици, кои треба да бидат исто толку важни како и изјавувањето на љубовта.
„Ти простувам“
Што значи: Ти простувам за сето она што си правил/а, и што можеби ме повредило. Ти ги простувам работите што ги рече, по долгиот напорен ден. Ти го простувам времето кога не беше свесен/а дека ме повредуваш. Ти ги простувам сите грешки. Јас ти простив и се надевам дека ќе ми простиш и ти, затоа што знам дека никој од нас не е совршен.
„Ќе се жртвувам за тебе“
Што значи: Ќе го жртвувам своето време за тебе. Ќе бидам несебична. Во болест и во здравје, мојата подготвеност да бидам со тебе нема да се промени. Ќе бидам до тебе кога нема да има никој друг, а јас ќе бидам таму со целото мое битие. Моето жртвување не зависи од твојата материјалната или духовната состојба, туку тоа е затоа што ти постоиш, и што си некој за кој е вредно да се жртвувам.
„Те почитувам“
Што значи: Те почитувам за она што си, а не поради она што чувствувам дека заслужуваш. Јас те почитувам, затоа што заслужуваш почит, а не затоа што го побара тоа од мене. Јас го почитувам твоето мислење и ќе земам твоите чувства во предвид. Ќе те почитувам како човек кој има своите мисли, надежи, соништа и желби. И овие мисли, надежи, соништа и желби, ќе ми бидат исто толку важни како и ти.

 

„Ќе те подржувам“
Што значи: Јас ќе ги поддржувам твоите надежи и соништа. Секогаш ќе ти го„чувам грбот“. Можеш да се потпреш на мене. Ќе се потрудам секогаш да го имаш она што ти е потребно: физички, емотивно, духовно и ментално. Ќе те издигнам кога ќе паднеш.
„Јас ќе те заштитувам“
Што значи: Јас ќе те заштитувам од зло. Јас ќе ти го штитам срцето од болка. Ќе ја штитам идејата за нас. Нема никогаш да те понижам. Ќе те ценам и ќе те штитам од сите лоши работи. Нема да ги оставам другите да те обесхрабрат. Во моите раце и срце ќе бидеш безбеден. Јас ќе бидам твое засолниште на кое секогаш можеш да му веруваш.
„Посветена сум ти“
Што значи: Никогаш нема да те напуштам. Секогаш ќе бидам тука за тебе. Тоа ќе биде приоритет во мојот живот. Ќе го погледнувам назад нашиот почеток, ќе работам на нашата сегашност и со нетрпение ќе ја очекувам нашата иднина, бидејќи ние сме нешто што сакам да трае засекогаш.Зошто ни е толку многу важно да слушнеме дека некој не сака? Можеби поради ветувањето дека ќе заземене некакво место во нечие срце или пак е до зна

Пронајдете не на следниве мрежи: