Возач на мопед е тешко повреден, а три лица се здобиле со полесни повреди во четири од шест сообраќајни незгоди евидентирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје. Две сообраќајки се со последица материјална штета.Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, сообраќајната полиција, открила и санкционирала 16 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца поминале на црвено светло на семафор, а 10 возачи не користеле сигурносен појас или зборувале на мобилен телефон.
Санкционирани се и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Со помош на специјалното возило пајак во текот на изминатиот ден отстранети се 59 возила.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со ученици од второ и четврто одделение во ОУ „Ацо Шопов“, општина Бутел и ОУ „Битолски конгрес“, општина Чаир.
Со почеток во 10 часот поранешните вработени во ОХИС ќе одржат мирен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на Владата на Република Македонија. Со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на Првата лига ќе се одигра кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, сообраќајната полиција, открила и санкционирала 16 возачи