Шест видови храна кои предизвикуваат рак и кои треба ДА ГИ ИЗБЕГНУВАТЕ!

Ракот како болест, денес е до тој степен распространет по светот, што секој од нас може да рече дека познава личност која се соочува со неговите последици. Според податоците на American Cancer Society, повеќе од 1 милион луѓе годишно заболуваат од рак во САД.Постојат повеќе фактори кои допринесуваат да се појави ракот, влучувајќи ја генетиката, начинот на живот, пушењето, начинот на исхрана и недостатокот на физичка активност. Изложеноста на радијација и опасни хемикалии, исто така може да предизвика појава на рак.
Постојат повеќе видови храна кои луѓето би можеле да ги консумираат, но доколку се внесува лошо обработена храна – тогаш постои поголем ризик за појава на рак.
Затоа, погледнете кои видови храна треба веднаш да ги исфрлите од исхраната за да останете здрави и среќни.
1. Обработено месо
Саламата, сланината, виршлите и колбасите се вкусни – но, опасни! Можеби ве мамат со нивниот вкус, но тие се меѓу најлошите јадења кои го нарушуваат здравјето. Кога јадете ваков вид храна, вие внесувате натриум нитрат во организмот, кој е адитив со кој му се дава боја и вкус на месото. За жал, нитратите можат да се претворат во нитросамини кои предизвикуваат рак, што се поткрепува со голем број истражувања кои го поврзуваат консумирањето месо со ракот.
2. Црвено и печено месо
Преголемото консумирање на црвено месо, го зголемува ризикот за појава на рак. Едно истражување покажало дека секојдневното консумирање црвено месо, го зголемува ризикот за појава на рак кај мажите за 22%, додека кај жените процентот е нешто помал – 20%.
Друг многу важен фактор е начинот на кој што го подготвувате месото! Печеното или месото подготвено на скара, се меѓу најлошите за вашето здравје. Неколку истражувања покажале дека јадењето месо кое е испечено на високи температури го зголемува ризикот за појава на рак, бидејќи се ослободуваат токсични хемикалии. Кога аминокиселините и креатинот доаѓаат во допир со високи температури, доаѓа до формирање на хетероциклични амини.
3. Пржени компири и чипс
Чипсот и останатите грицки можат да содржат високо ниво на акриламид – уште една канцерогена супстанца која се формира при изложувањето на компирите на високи температури, како што се пржењето или печењето.
Светската здравствена организација и Организацијата за храна и земјоделство, тврдат дека нивото на застапеност на акриламид во храната е „голем проблем“ и дека се потребни поголем број на истражувања за да се докаже неговата штетност.

4. Смрзната храна
Овој вид храна изобилува со конзерванси, хемикалии, преработени шеќери и адитиви. Комбинацијата на овие супстанци му наштетуваат на вашето тело, а не се исклучува можноста дека предизвикуваат рак!
5. Аспартам
Аспартамот може да се најде скоро во сите видови храна, газирани пијалаци, па дури и во мастиките!
6. Претерано пиење алкохол
Постојат повеќе истражувања кои го поврзуваат пиењето алкохол со појавата на неколку видови рак. Така, колку што некој пие поголеми количества алкохол на дневна база – толку е поголема шансата кај него/неа да се појави рак. Баш како што важи за секоја работа во животот, така треба и за пиењето – златна средина.
Извори:
https://www.cancer.gov/cancertopics/factsheet/Risk/alcohol
https://www.cncahealth.com/explore/learn/cancer-awareness/cut-your-cancer-risk-avoid-these-top-five-cancer-causing-foods#.VIZNXTHF-PsПостојат повеќе фактори кои допринесуваат да се појави ракот, влучувајќи ја генетиката, начинот на живот, пушењето, начинот на исхрана и не

Пронајдете не на следниве мрежи: