Светските сили се надеваат дека уште во среда ќе го добијат одговорот од Иран за обновување на предлозите изнесени на преговорите за неговата контроверзна нуклеарна програма коишто се одржуваат во казахстанската престолнина Алмати, изјави во вторникот портпаролот на Европската унија, пренесува РИА Новости.„Утре ќе продолжи разгледувањето на предлогот и ќе ја очекуваме реакцијата на иранската страна“, изјави Мајкл Ман, портпарол на високата претставничка на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон, на брифингот за новинарите по завршувањето на првиот ден од преговорите на групата „пет плус еден“ (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) со претставници на Техеран.Заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека состанокот во вторникот со претставниците на Иран бил полезен, и дека во среда продолжуваат со работа.Претставниците на шесте земји се надеваат дека со комбинација на дипломатија и санкции ќе го убедат Иран да се откаже од својата нуклеарна програма, односно збогатување на ураниум до 20 отсто, бидејќи западните земји сметаат дека станува збор за прикриено развивање нуклеарно оружје, додека Техеран тврди дека со тоа само ја надополнува својата потреба од електрична енергија.
Макфакс Светските сили се надеваат дека уште во среда ќе го добијат одговорот од Иран за обновување на предлозите изнесе