Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди од кои шест се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.
Четириесет и девет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица возачи поминале на црвено светло на семафорите и шест возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањaе на возилото.
Затекнати се и 40 непрописно паркирани возила и 13 лица го управувале возилото без возачка дозвола или, пак управувале нерегистрирано возило.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 75 возила.
Во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе бидат реализирани едукативни работилници во детската градинка „Кочо Рацин“, Матичен објект кој се наоѓа на подрачјето на Општина Центар.
Во недела во 12 часот невладината организација Анима Мунди ќе одржи протестен марш кој ќе започне од плоштадот „Македонија“, а ќе продолжи по улица „Димитрије Чупоски“, десно по улица „Даме Груев“, лево по булевар „Илинден“, па се до Собранието на Град Скопје. Од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над уч