Мексиканските власти уапсија шест мажи под сомнение дека тие ги силувале шесте шпански туристи во Акапулко, криминал што привлече светско внимание кон локалниот мексикански ресорт.„Имаме шестмина уапсени кои го признаа делото, потполно признаа“, вели мексиканскиот јавен обвинител Хесус Муриљо, на прес-конференција во Акапулко.На 4 февруари, вооружени луѓе стигнале до куќата на плажата што ја изнајмиле девојките, ги претепале нивните седум машки придружници и ги силувале девојките.Муриљо рече дека еден од осомничените е фатен во вторникот, а другите петмина се пронајдени преку ноќта . Според полицијата има материјални докази кои ги поврзуваат уапсените со злосторството.Градоначалникот на Акапулко, Луис Волтон, дигна прашина во медиумите, кога ја објави сериозноста на нападот, велејќи дека можеше да се случи секаде во светот и дека тоа го наруши имиџот на градот, една од најпознатите мексикански туристички дестинации.Акапулко е најголем град со државата Гереро, во кој во последно време рапидно расте насилството поврзано со шверцот на дрога.Лани, беа пријавени 1.000 убиства, во градот со 800.000 жители.Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието, повика на намалување на насилството, а во среда покрена програма за унапредување на туризмот , барајќи да се формира вооружена полициска единица која ќе ги штити туристите од насилство.„Ние ќе работиме на подобрување на безбедносната состојба, што без сомнение е основа за развој и промоција на нашата земја“, вели Пења Нието, при посетата на ресостот „Бахиа де Бандерас“, во државата Најарит
МакфаксМексиканските власти уапсија шест мажи под сомнение дека