Кога се вози автомобилот и се занимаваме со странични задачи, нашиот мозок сам ја изедначува траекторијата. Со други зборови, сработува „автокоректор“, но не и кога пишуваме СМС пораки зад воланот.При експеримент на Универзитетот Хјустон и Институтот за транспорт на Универзитетот во Тексас A&M, 76 лица возеле во виртуелна траса четири пати.
Првиот пат тие биле фокусирани на возењето, вториот пат решавале едноставни задачи, третиот пат одговарале на прашања кои предизвикуваат емоционална реакција, а четвртиот пат требало да возат и да пишуваат СМС пораки.
И трите фактори – менталната и емоционалната активност, како и пишувањето на СМС, го оттргнуваат вниманието од патот. Движењата на рацете на воланот стануваат нервозни, а тоа води до сериозни последици само во случајот со пишувањето СМС пораки. Расеани со искуства или логички задачи, возачите се држат поадекватно од оние кои гледаат во екранот на смартфоните.
„Имаме објаснување на резултатите“ – вели авторот на истражувањето Јоанис Павлидис и додава: „Станува збор за активностите во предната појасна кора на мозокот.
Знаеме дека предниот појас од кората работи како коректор на погрешно однесување. Во нашиот случај, грешката се јавува од когнитивни и емоционални надразнувачи при пишување пораки на телефонот.“
За да може предниот појас од мозочната кора да ги регистрира грешките, потребна е информација од два вида: визуелна – возачот гледа во патот, и моторичко-сензорна – рацете лежат на воланот. Ако не се оттргнува вниманието од екранот на мобилниот телефон, размената на таквите информации претставува затворено коло.
На патот тоа изгледа вака: информацијата за силна девијација директно го активира мозокот и „автокоректорот“ испраќа импулс на рацете, кој го наведува возачот да го заврти воланот налево.
Кога сензорниот синџир се распаѓа, појасот од мозочната кора не го вклучува својот самокоригирачки механизам и траекторијата станува непредвидлива и опасна.При експеримент на Универзитетот Хјустон и Институтот за транспорт на Универзитетот во Тексас A&M, 76 лица возеле во виртуелна траса четири пат