Северна Кореа ја нарече Америка „жив пекол на земјата“ и притоа понуди листа ан аргументи зошто зазема таков став.Ова е најверојатно нова стратегија на владата во Пјонг Јанг, откако Организацијата на обединетите нации излезе со извештај дека Северна Кореа ги крши човековите права на начин кој е незабележан во модерниот свет.
Од друга страна пак, Северна Кореа како прекршувања на човековите права во САД ги наведува немаштијата, невработеноста, затворите и нљбљудувањето на секој потег на населението со оправдување дека е во прашање државната безбедност.
Повеќето од овие аргументи на Северна Кореа се навистина издржани – САД има голема стапка на невработеност, најполни затвори во целиот свет и националната агенција за безбедност постојано ги шпионира граѓаните.
Сепак, овие забелешки доаѓаат од земја која го ограничува на своите граѓани контактот со надворешниот свет, и која постојано се соочува со недостаток на струја, вода, храна и други општествени потреби.
Овој извештај е сосем спротивен на оној од пред неколку години, кога амбасадорот на оваа земја во ООН на сите им порача „да си ја гледаат работата“.Ова е најверојатно нова стратегија на владата во Пјонг Јанг, откако Организацијата на обединетите нации излезе со извештај дека Сев