Заев најави слободни медиуми од кои ќе сака критика, а владеењето му започна со јавни извинувања на телевизии за искажани ставови во минатото. Би било смешно да не беше трагично.Буквално на првиот работен ден откако дојдоа на власт, Зоран Заев и СДСМ демонстрираа каков ќе биде нивниот однос кон медиумите кои своевремено ги нарекоа „најголеми политички непријатели на СДСМ“. Да потсетиме, станува збор за медиуми кои имале критички однос кон некои политики и ставови на опозицијата, а кои неколку часа откако парламентарното мнозинство формираше влада, беа изложени на притисокот и новата медиумска политика во Македонија која ќе ја спроведува оваа влада.
Срамно и опасно изгледаше односот кој домаќините на дебатната емисија „Само Вистина“ го имаа кон соросовиот активист Петрит Сарачини, извинувајќи му се јавно за некои работи кои биле кажани за него на истата телевизија. При што домаќинот нагласи дека нештата за кои се извинува од име на телевизијата биле содржани во надворешни проекти кои само се емитувале на таа телевизија, но не го репрезентирале нејзиниот став. Сепак, домаќините сметале дека е нужно јавно да му се извинат на Сарачини, од името на „неодговорните новинари кои се дрзнале да кажат нешто против ликот и делото на активистот на Сорос/СДСМ“.
Ваквите срамни јавни извинувања за навреда на „ликот и делото“ на „големиот лидер“ се познати само во земји како Северна Кореја. НЗС на СДСМ и Ким Јонг-Ун е токму автоританата и тоталитаристичка матрица која барем за СДСМ декларативно беше закопана во историјата на оваа партија, кај претците од Сојузот на Комунисти. Но, како што вели народот – „старите навики тешко умираат“.
Заев најави слободни медиуми од кои ќе сака критика, а владеењето му започна со јавни извинувања на телевизии за искажани ставови во минатото. Би било смешно да не беше трагично.
Буквално на првиот работен ден откако дојдоа на власт, Зоран Заев и СДСМ демонстрираа каков ќе биде нивниот однос кон медиумите кои своевремено ги