„Шевролет“ го враќа Роналдо во Манчестер Јунајтед!

Англиските медиуми пренесуваат бомбастична вест, имено, челниците на англискиот премиерлигаш се подготвени да одвојат 55 милиони фунти за Кристиано Роналдо, дел од платата ќе оди од буџетот на Јунајтед, а за останатиот дел, обврската ќе ја преземе „Шевролет“.
Кристиано Роналдо би можел да се врати во Манчестер Јунајтед, оваа можност на големо ја пренесуваат веќе подолго време повеќе медиуми во Англија.
Последните пласирани информации говорат дека англискиот премиерлигаш е подготвен да плати 55 милиони фунти за Роналдо.
Алекс Фергусон, тренерот на Манчестер Јунајтед, неодамна изјави дека екипата не може да си дозволи да донесе играч кој заработува 220.000 фунти неделно, но, сосема познато е дека наредната година Манчестер Јунајтед ќе добие 370 милиони фунти од „Шевролет“, па токму сега се отвора можноста за Роналдо да се врати во англискиот премиерлигаш.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Англиските медиуми пренесуваат бомбастична вест, имено, челниците на англискиот премиерлигаш се подготвени да одвојат

Пронајдете не на следниве мрежи: